(Фото) Еди Рама жестоко во Брисел: Вие сте целосен хаос, вие сте срамота; ние сме навикнати на овој циркус

Aлбанскиот премиер Еди Рама им се обрати со висок тон на бугарските новинари пред влегувањето на состанокот со лидерите на ЕУ во Брисел.

„Вие сте хаос, целосен хаос. Вие сте срамота. Срамно е членка на НАТО да држи во заложништво две други земји од НАТО, додека во задниот двор на Европа се води војна. Се разбира, не е пријатно да гледаме како други 26 држави демонстрираат немоќ“, изјави Рама пред бугарските новинари.

Македонија и Албанија треба во пакет да ги почнат пристапните преговори со ЕУ, но и двете земји се блокирани од бугарското вето за Македонија.

Македонскиот премиер одби да даде изјава.

„Уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на овој циркус и сме повеќе од кога било посветени да ги поведеме нашите земји и регионот кон модернизација со нескршлив Европски дух“.

Вака напишал албанскиот претседател Рама под слика со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски. Фотографијата веројатно е сликана пред започнувањето на денешниот самит за Западен Балкан во Брисел каде Рама, Ковачевски и нивниот колега Александар Вучиќ од Отворен Балкан сепак решија да присуствуваат.

Казни во Пефкохори за оние кои оставаат предмети на плажа за да си чуваат место

Локалните власти од Пефкохори, на четири јазици, грчки, англиски, српски и македонски, преку социјалните мрежи ги информираат туристите дека е забрането оставање лични предмети на плажата со цел да се зачува местото, а во спротивно предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалниот совет на заедницата Пефкохори, преку објавениот пост на „Фејсбук“ потсетува дека сите оставени предмети ќе бидат одземени, а на туристите ќе им се вратат, откако ќе ја платат казната.

-Забрането е да зафатите место на плажата со вашите ствари преку ноќ, рано наутро и во текот на ручекот. Во спротивно доколку има напуштени предмети на плажата ќе бидат одземени од комунални редари и ќе бидат вратени по плаќањето на казната, пишува на македонски јазик локалниот совет на заедницата Пефкохори.

На популарната туристичка дестинација на првиот крак на Халкидики, според локалните медиуми, во изминатите години создавала проблеми праксата на туристите да оставаат чадори, пешкири, душеци и други лични предмети со цел да имаат обезбеден простор на плажата.

Македонските специјалци денеска на вежба во Софија со своите бугарски колеги

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација. 

Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија.

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.

Министерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил ја сподиле следнава објавач

 

Денеска, во Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија во Софија остварив билатерална средба со мојот бугарски колега Бојко Рашков, а на покана за присуство на заедничка вежба на нашите две специјални единици.

Од денешнава средба можам со задоволство да констатирам дека ние, како две соседни држави, сме упатени на меѓусебна соработка и наш заеднички интерес е да имаме добри резултати и придобивки од ваквата соработка, што е еднакво важно како за министерствата за внатрешни работи на двете земји, така и за нашите две држави, но и за регионот.

Ние сме посветени на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативна меѓународна соработка со МВР на Република Бугарија, во насока на зајакната регионална соработка, како еден од нашите главни приоритети, посебно во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, недозволената трговијата со дрога и справувањето со илегалната миграција.

Благодарност до мојот колега домаќин, министерот Рашков, за топлиот пречек и конструктивните разговори што ги имавме денеска.

ВИДЕО: Украле кутија со пари за лекување на болни деца во Белград

На Инстаграм се појави едно видео од кражба на кутија со пари кои се собирале за лекување на болни деца.

Како што може да се забележи на снимката, почетокот на срамната „акција“ е извршен така што едно момче бара од продавачката да му го наполни шишето со вода.

Кога жената замина да го направи тоа, тој му даде знак на второто момче, кое ја зема кутијата и почна да бега.

„Каде ќе им оди душата“, пишуваат останатите корисници на Инстаграм.

Популарно