ВИДЕО: Дара Бубамара и удри шлаканица на Марина Вишковиќ среде емисија

Марина Вишковиќ и Дара Бубамара беа ривалки во играта „Лага или вистина“ во шоуто на Огњен Амиџиќ. И двете говореа по некои детали за себе, а во зависност од тоа дали другата страна ќе погоди дали се работи за лажна или вистинита информација, ќе бидат казнети или поштедени, а Марина Вишковиќ немаше многу среќа.

-Кога имав 17 години имав 100.000 марки во видео касета дома. Лага или вистина?! – ја праша Дара Марина, која мислеше дека тоа е лага.

Сепак, се покажа дека информацијата на Дара е точна.

– Вистината е! Имав 17 години кога почнав, собирав пари со мојот бенд за да го купам мојот прв стан. Живеев со моите родители во 33 квадратни метри и парите ги чував во видео касета – се присети Дара, која навлече ракавица за рерна и требаше нежно да и удри шамар на колешката.

Дара, сепак, малку посилно ја удри Марина, што ја шокираше, па и двете „пукнаа“ од смеење.

Александра Младеновиќ откри колку проблеми и напраил хороскопот!

Пејачката Александра Младеновиќ, иако отсекогаш знаела дека ќе биде пејачка, астрологијата го имала како нејзино поле на интерес.

-Цело време читам хороскопи, сакам да ги читам. Ако не ми се допаѓа тој што ќе го прочитам, одам на друг портал и тоа исто така важи. Ме интересира астрологијата, можеби и еднаш сакав да ја работам. Пред се верувам во Господ, но ова е мое хоби, откри неодамна пејачката.

Младеновиќ се присети и на една ситуација кога за малку ќе откажела настап поради хороскопот. Но, призна дека тогаш менаџерот бил спремен да направи хаос. „Менаџерот ќе ме убиеше“, вели таа.

-Една година имав прекуокеански лет, а во хороскоп ми пишуваше дека тогаш не треба да летам. Веднаш му се јавив на менаџерот да му го кажам тоа, тој полуде и ми кажа дека сум луда и дека веќе имаме договорено да направиме свадба во Аруба и на крајот си заминав и еве се вратив цела. Инаку, се плашам од летање, тоа го знаат и птиците на гранката, рекла Александра.

ФОТО: Карлеуша претера - топлес на јахта

Српската пејачка Јелена Карлеуша топлес со каубојски шешир на јахта најави дека од нејзиниот настап ќе гори Будва. Со провокативните фотографии пејачката објави дека престојува во Црна Гора каде што има настапи.

„Монте Карло сјае како Монтенегро“, напиша пејачката.

Слободното време помеѓу настапи таа го користи да ужива на јахта.

(Фото) Сара Мејс и бебето Кирил ја напуштија болницата, Илина не се двои од мајка си

„На среќата ѝ нема крај“ – напиша популарната македонска пејачка и харфистка Сара Мејс до фотографиите на кои се гледа како заедно со ќерката Илина и сопругот Димитар Атанасовски ја напуштаат болницата.

Сара ја напушти болницата во краток светло зелен фустан, а објави и повеќе фотографии од синчето Кирил и ќерката Илина.

По неколку денови поминати во болница, Сара објави фотографии со кои најави дека си одат дома заедно со новиот член на семејството. Димитар го носи бебето во транспортер, а малата Илина се држи до мама.

Претходно во Инстаграм Стори пејачката покажа дека големиот македонски празник Илинден и именденот на нивната ќерка го поминале разделени.

„Кирил, добредојде. Сестричкава, татково и мајкава те сакаат најмногу на свет! Едвај те чекавме, нè прерадува! Да си ни жив и здрав, да нè радуваш и добро да делуваш“ – напиша таа до фотографиите.

Инаку, за потсетување, Сара Мејс и Димитар минатата недела (на 20.07.) го добија своето второ дете, синот Кирил, а Илина доби братче.

Погледнете ги новите фотографии со бебето Кирил:

Популарно