Димитров: Пендаровски греши! Греши во клучен историски момент!

Пендаровски греши! Греши во клучен историски момент!

Еве зошто:

▪︎Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира.

Едвард Џозеф: „Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани.

Со францускиот предлог – тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен“.

Немам што да додадам на одговорот на Едвард.

▪︎ Да донесеме дома документ каде ќе се обврземе дека ако Бугарија или било која друга земја членка повторно го оспорува македонскиот јазик и идентитет ќе ги прекинеме преговорите.

Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.”

Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Северна Македонија за македонскиот јазик.”

Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик?

Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови.

▪︎ Предлогот е нов бидејќи така кажал Макрон

Ова беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме.

Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно); 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки).

-▪︎Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на Уставот

Дали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка?

Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот.

Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор.

▪︎Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес.

Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО:

“ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договара и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација.

Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“

Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите.

Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи?

▪︎ Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија.

Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Северна Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние).

Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска?

Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји.

И конечно:

▪︎ Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми.

Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции.

ФБ статус на Никола Димитров

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно