Има денови кога јадеме само леб и сол

Детството Санела Каришиќ го минува многу тешко. На 17 години останува без татко. Речиси цел живот, живее со маки. Зашто не е лесен животот без татко-ќе рече таа. Мајка и ја принудила да се омажи млада, па така еден ден таа животот и надежите ги сели во Оризари, Велешко, надевајќи се дека загубата на татко и, ќе ја пронајде во љубовта на сопругот, пишува Prikazna.mk.

Од сегашна перспектива, откако се омажив животот ми стана бетер, вели Санела. Родив два сина, но, поголемиот е има аутизам и церебрална парализа, и можеби тоа беше пречка среќно да живееме. Сопругот ме изневеруваше и дома ми донесе друга жена. Таа му роди дете и јас морав да ја напуштам куќата. Ме пушти само со синот со попреченост. Другото дете ми го зема. Не дека до тој ден живеев убаво, но, веќе шест години сум сама без покрив на главата и со дете со попреченост, кое немам пари за да го нахранам. Зашто земам само 10.000 денари социјална помош, од кои морам да одвојам за кирија, сметки, храна, лекови. Од маките и тешкиот живот и јас повеќе не сум здравствено добра. Не знам за што попрво да одвојам од парите. Последниот залак го давам на синот. Има денови кога јадеме само леб и сол.

– Ја изгубив и помладата сестра. И нејзината смрт ме докрајчи. Многу бевме поврзани и не можам да ја преболам. Од тој ден и јас започнав да тонам. Добив парализа на телото од силен стрес. А морам да се грижам за син ми.

Оваа жена 24 часа во денот е врзана за куќата. Не смее да го остави синот Јасмин ниту минута, зашто тој прави несвесни потези. Мора и да го заклучува фрижидерот во кој кога  екипата на Prikazna.mk притигнала во куќата, имало само едно тенџере со сварен грав кој синот мора со денови да го јаде.

– Нема што друго да му направам. Дете е, сака да јаде. Немам со што да купам храна. Нема кој да ми помогне вели таа. Побарав помош од државата за стан, ме одбија. Заглавив со сметки, немам како да ги платам. Ќе ме избркаат од куќава, а, каде ќе одам со моево дете вели таа, ќе останам на улица … Најтешко ми е за детето, немам што да му подадам, немам како да го исчувам … Затоа оваа мајка единствено се надева на помош од народот за да може да го спаси и својот и животот на своето дете.

Доколку сакате да му помогнете на Санела и нејзиното семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 071/308735 или следнава жиро-сметка 210501628103630

Извор: Prikazna.mk

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно