Директорот на БЈБ: Масата народ сакаше да ги нападне Албанците кои си стоеа мирно!

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски тврди дека демонстрантите од протестот сакала да ги нападне мирољубивите групата Албанци. Оваа изјава доаѓа откако граѓаните кои протестираа беа каменувани од двете страни на подвозникот, откако од плоштадот кај Скендербег, фрлаа со камења по нив.

„Гледате колку е масата насилна и колкава бројка сака да ги нападне Албанците што си стојат мирно граѓаните“, рече Тасевски во дел од изјавата.

Во јавноста се поставуваше прашањето зошто немало полиција на местото каде се случи инцидентот, факт кој го негираше Тасевски, но и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тие тврдат дека полициски припадници имало во доволен број и постапиле навремено, со што спречиле ескалација.

Инаку, Сашо Тасевски и стана познат на јавноста кога пукаше во Собрание за време на настаните од 27 Април.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно