Јузова: Чешка и други ЕУ-членки не знаеле за францускиот предлог!

Чешка и други земји-членки на ЕУ се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, изјави Јана Јузова, истражувач во чешкиот институт Еуропеум, во своето онлајн-обраќање на форумот Еуропеум 2022 – „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: што претстои?“, во организација на Институт за европска политика (ЕПИ).

Зборувајќи за практичните предизвиците во однос на Западен Балкан со кои ќе треба да се справува Чешка за време на претседателство со ЕУ, Јузова рече дека Чешка и мнозинството земји-членки ги гледаат сериозните проблеми во францускиот предлог и разбираат зошто е толку тешко за Македонија да го прифати.

– Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина – рече Јузова.

Чешкиот пристап, според Јузова, ќе биде да се направи колку е можно помала штета, некако да се ублажат негативните ефекти и, како што рече да се осигура дека ова нема да биде траен преседан.

– Дури и да се постигне компромис, тоа нема да биде нешто со што Северна Македонија ќе биде среќна и може само да шпекулираме за последиците што ќе ги име. Ние мора да се осигураме дека ова нема да стане преседан кој ќе го користат и други земји-членки кон кандидати – рече Јузова, пренесува МИА.

Повикувајќи се на информации од чешкото претседателство со ЕУ, Јузова рече дека и доколку Скопје го одбие францускиот предлог, Прага воопшто не размислува да ги раздвои Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

– Чешкото претседателство смета дека раздвојувањето само ќе му даде легитимитет на бугарското вето. Не се согласуваме со аргументите на некои други земји кои сметаат дека натамошната блокада на Албанија ќе го дестабилизира регионот, напротив сметаме дека ќе го зголеми притисокот врз Бугарија и ќе ја зголеми солидарноста меѓу земјите во регионот – рече Јузова.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прво сака да се сретне со идниот американски колега Доналд Трамп за да договорат мировен план пред да започнат какви било преговори со рускиот лидер Владимир Путин.

– Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин, изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман.

Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии.

Такви гаранции се потребни за да се спречи руска агресија.

“Украинскиот претседател истакна дека предложил замрзнати руски средства во вредност од 300 милијарди долари да бидат искористени за купување американско оружје, пренесува Укринформ.

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.

„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.

Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.

Популарно