Ослободителна одлука за таткото и ќерката од Косово обвинети за бесправното градење на бунгалови во Маврово

Обвинетите татко и ќерка, Шериф Рамука и Блерта Рамука, и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт” ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгаловите на брегот од Мавровското Езеро.

Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми процени дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело- Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело- Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар, пишува МКД.мк.

„Согласно бараната информација по увидот во Акмис системот Ве известуваме дека пред Основен суд Гостивар заведен е предмет под број К.бр.245/22, a по поднесен обвинителен акт на Основното Јавно обвинителство Гостивар , кој согласно автоматската распределба бил распределен кај судијата Даут Рустеми. По предметот се водела постапка која завршила со пресуда во која обвинетите се ослободуваат од обвинение врз основа на член 403 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка , односно судот ценел имајќи ги во предвид сите изведени докази дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар”, ни одговорија од Основниот суд во Гостивар, објави МКД.

Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од Основно Јавно обвинителство Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука.

Пресудата е донесена на ден 04.07.2022 година, а јавно објавена на ден 07.07.2022 година во која пресуда застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот.

Обвинетите во текот на постапката кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кои ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно