Зошто се жениш за една, а сакаш некоја друга?

Првпат се обраќам на еден посебен вид на мажи. Ви се обраќам со прашања. Одговори не барам. Најдете ги и самите одговорете ги во себе, а не на мене. Јас можам без нив и не ми требаат. Можеби и вам не ви требаат. Не ми е баш гајле.

Сѐ што пишувам, пишувам на основа на моите искуства и она што го имам чуено и видено со мои уши.

Зошто се жениш за неа, а потајно сакаш друга која нема никакви допирни точки со неа? Никакви.

Зошто за јавноста, фамилијата и Фејсбук ја бираш неа која е како да излегла од магазин, а за тајни средби бараш некоја друга која воопшто не изгледа така?

Зошто велиш дека таа ти е жена, а другата ти е за уживање?

Зошто ти е кисела насмевката? Верувај ми дека се гледа.

Зошто ѝ се јави на девојката по неколку месеци криење, за по некое време таа да дознае дека всушност ти си ѝ се јавил на денот на твојата свадба?

Зошто на улица ми се насмевнуваш мене, на втора, на трета, а ја држиш неа за рака?

Дали сето тоа е само прашање на баланс?

Се срамиш од твоите избори?

Се срамиш од она што си?

Зошто мислиш дека треба да исполниш нечии очекувања?

Дали навистина едната е за покажување, а другата за уживање? Кому покажуваш? Зошто?

Дали навистина е важно кој што ќе каже?

Кој е вистинскиот ти?

Дали имаш страв да бидеш неприфатен?

Се плашиш од самотија?

Колку лица имаш?

И до каде ќе оди тоа? И има ли рок на траење?

Жените во овие хороскопски знаци се најдобри во кревет

Лав

Таа е доминантна господарка на која не смее да и се спротивставите. Страствена е и жестока во кревет, бара да биде освоена само од најдобриот. Често доведува двајца мажи до кавга заради неа. Инстинктивна е и знае да ги открие сите ерогени зони на партнерот. Театрална е и оригинална. Иако сака да доминира, фантазира за мажи кои се строги и доминантни во кревет.

Овен

Нејзиното либидо е секогаш незадоволено, но затоа секогаш знае точно што сака и бара. Недвосмислено иницира секс ако и е до тоа, а кога не и е – знае да одбие. Мажите ја обожаваат затоа што знае да провоцира, динамична е, но не и веруваат често затоа што е опкружена со многу машки „пријатели.“

Скорпија

Ова е жена која очигледно поседува вишок физичка енергија, па постојано прави нешто ново во креветот. Љубоморна е и посесивна, нетолерантна и инаетлива, но нејзините претчувства никогаш не ја лажат. Ова е атрактивна и храбра жена која има многу бујна фантазија и отровен јазик. Сака се што е пикантно, вклучувајќи ги и мажите кои знаат лутината и бесот да ги истурат во кревет.

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Кои се најважни карактеристики кои треба да ги барате кај еден маж?

Кога сте во потрага по Вистинскиот, ќе налетате на многу мажи кои не се она што го барате. Тоа е сосема нормално и речиси е невозможно баш „од прва“ да го најдете вистинскиот маж. За да не лутате премногу, еве четири карактеристики кои би можеле да ви помогнат кога ќе бирате маж за себе.

Смисла за хумор

Без оглед на тоа колку е мажот привлечен и згоден, вашата врска нема да биде долготрајна ако тој нема смисла за хумор или ако е пресериозен. Покрај тоа, мажот кој ве засмејува ќе ви помогне и вие да не ги сфаќате работите премногу сериозно. А ако заедно се смеете, ќе ви биде позабавно без оглед на тоа што правите.

Маж без предрасуди

Луѓето со предрасуди можат да бидат прилично тешки. Да имате мислење за нешто е одлична работа, но мажот кој е целосно затворен за нови идеи и туѓи мислења воопшто не е „материјал“ за излегување. Да се биде во врска со некој кој нема предрасуди значи дека сте личност која ги прифаќа сите луѓе, идеи и начин на живот. Да се биде со некој таков е многу позабавно отколку да се трпи некој кој мисли дека само неговите идеи и мислења се вредни и важни.

Маж со цели

Мажите кои немаат никакви цели во животот, кои само седат пред телевизор или во обложувалница, се мрзливи мажи. Држете се подалеку од нив. Здрава доза амбиција е одлична за квалитетот кој треба да го поседува секој маж. Во спротивно, тој само лута низ животот и не знае во кој правец оди.

Маж со големо срце

Ако мажот нема душа, без оглед на тоа колку е згоден или успешен, држете се подалеку од него. Мажите кои имаат големо срце се внимателни, блиски се со семејството и пријателите, сакаат да им помогнат на драгите личности и имаат сочувство за сите.

Популарно