Гламур: Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Славјанка Петровска

Порталот Гламур.мк објави текст со наслов: Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Славјанка Петровска – МИНИСТЕРКАТА во фустанче со кое ги воодушеви жените!, посветен на министерката за одбрана на Република Македонија. Во нашата редакција немаме моден новинар, затоа текстот на колегите од Гламур.мк ви го презентираме во продолжение.

Министерката Славјанка Петровска на самитот на НАТО во Шпанија со изборот на својот фустан многумина воодушеви.

Нејзиното модно издание овој пат дефинитивно не можеше да помине незабележано, па многу жени на социјалните мрежи коментираа дека изгледа прекрасно.

Во прашање е елегантен фустан кој е совршен избор за свечени пригоди и настани од ваков тип, а она што е најдобро што ваквиот крој и стои убаво на секоја жена и може да ги покрие сите „недостатоци“.

Министерката целото издание го зачини со голема чанта и елегантни високи потпетици кои исто така во слична сина нијанса, а со самиот избор Славјанка уште еднаш покажа дека е вистински гуру кога се боите во прашање што можете да го видите и од следните нејзини фотографии.

Имено таа често експериментира со боите и со начинот на кој ги носи, и можеме да забележиме дека никогаш не греши.

Нејзиниот стил се движи од опуштени и кежуал елементи, до елегантни и дамски, а некои од нејзините најинтересни изданија погледнете во продолжение…

На крајот од галеријата погледнете уште едно од нејзините најдобри изданија со кои што се преставила во јавноста…

Па, дали ви се допаѓа стилот на министерката?

Повеќе фотки на Гламур.мк

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно