Во зрелите години нема повеќе заљубување

Во зрелите години нема заљубување. Има само тоа – некои луѓе се пријатни, а некои не. Не постои „Не можам да живеам без тебе“ затоа што си преживеал толку многу пати кога си мислел дека нема.

Нема, „не можам да учам затоа што постојано мислам на тебе“, затоа што веќе не си на училиште или факултет, туку си на работа од која ги плаќаш сметките и храната.

Нема несоница, бидејќи знаете дека каков и да е проблемот, утре е нов ден и знаете дека утрото е попаметно од вечерта. И кога нешто ќе тргне наопаку, немојте да молчите, туку кажете јасно и гласно: „Сакам ова, а ова, извинете, нема да го толерирам“.

А ако нешто не функционира, тогаш убаво кажуваш „благодарам“ и си заминуваш.

5 работи што мора да ги премолчите и во најсреќната врска!

За да го задржите мирот во домот, подобро е некои работи воопшто да не ги спомнувате

Иако меѓусебната доверба и искрената комуникација се клучни за успехот на врската, постојат работи за кои едноставно не се зборува.

Звучи како клише, но во некои случаи тишината е навистина златна.

Дури и ако се чувствувате виновно што нешто премолчувате од партнерот, имајте ги на ум последиците што би ги предизвикале доколку кажете сè што ви паѓа на памет.

Пет работи кои е подобро да ги премолчите заради мирот во домот:

Мислењето за неговите или нејзините родители

Прашањето за родителите на партнерот е особено чувствително и тука треба да се биде внимателен. Ако му кажете дека не ви се допаѓа неговата мајка или татко, само ќе создаде непотребна тензија меѓу вас. Ваквите зборови од партнерот само ќе болат, па замислете како би било кога ситуацијата би била обратна, советуваат брачните терапевти.

Работи од минатото

Сосема е добро да споделите некои работи од минатото, но треба да знаете каде е линијата. Партнерот не треба да знае што сте правеле со бившиот и не се препорачува да ги споредувате. Со тоа само ја омаловажувате вашата врска и давате до знаење на вашата поубава половина дека не е доволно добра.

Коментари за домашните работи

Нема потреба да ги миеш садовите или да ги собереш алиштата, тоа ќе го направам сам/а – овие зборови, иако навидум бенигни, всушност го ставаат партнерот во неповолна положба. Го третирате како дете и му давате до знаење дека ништо не може да направи како што треба.

Број на сексуални партнери

Брачните терапевти предупредуваат дека е најдобро да не се споменува бројот на сексуални партнери со кои сте спиеле пред да стапите во врска. Зборувањето за тоа може да предизвика немир во врската, па дури и да го натера партнерот да се премисли. Сето ова најчесто е последица на стравот дека партнерот ќе испадне или премногу или премалку неискусен на тоа поле.

Коментари за изгледот

Ќелавост, висина или влакнетост – тоа се работи на кои не може да се влијае и подобро е да се премолчи за нив. Партнерот може да помисли дека сакате да го промените, дека не ве привлекува или дека не е доволно добар за вас. Тие зборови можеби ќе звучат како критика, па затоа е подобро да ги избегнувате.

Многу жени ги учат овие љубовни лекции предоцна

Понекогаш треба да мине многу време за конечно да сфатиме што навистина сакаме од љубовта и какви форми на однесување во врската се прифатливи, а на какви треба да реагираме на време.

Кои љубовни лекции жените предоцна ги учат?

Не вели „да“ кога мислиш „не“

Една од најчестите грешки е преправањето. Компромисот не е решение ако поради него се чувствувате несреќно. Не се согласувајте на работи кои ве прават длабоко незадоволни и немојте да глумите дека сте среќни ако не сте.

Не кажувајте „да“ на предлозите кои инстинктивно сакате да ги одбиете. Кога конечно ќе кажете „не“ на тоа што ве прави незадоволни, важите желби и потреби ќе излезат на површина.

Вашата љубов не може да го промени мажот

Додека тој самиот не стане свесен за потребите за промени, нема љубов која ќе го натера да се промени. Промените можат да бидат условени од надворешни фактори, но всушност доаѓаат од внатре.

Не може да промените некој не сака да се промени.

Љубомората и посесивноста не се знаци на љубов

Многу жени ги доживуваат како потврда дека партнерот ги сака и вистински се грижи за нив. Мала доза љубомора е нормална во секоја врска, но кога партнерот постојано ве контролира, сака да го знае секој ваш чекор и потег, ви забранува комуникација со други, тоа е знак дека неговата љубомора не е наивна, ниту здрава.

На овие места жената најмногу сака бакнежи

Повеќето жени сакаат бакнежи на вратот затоа што ги возбудуваат, а најпријатно им е кога ги бакнувате од косата до клучната коска.

Бакнежот на челото сигурно нема сексуално да ја возбуди, но на тој начин ќе и покажете дека ја сакате.

Долниот дел на грбот – со бакнување на тоа подрачје, можете сексуално да возбудите жена, бидејќи од таму започнуваат сите нерви кон гениталиите.

Постојат бројни нерви на врвовите на прстите, што ги прави чувствителни на допир. Кога бакнувате таму за време на сексот, возбудата може само да се зголеми.

Со бакнување на брадавиците се ослободува хормонот окситоцин, познат и како љубовен хормон, а кај некои жени брадавиците се поврзани и со гениталиите, така што можете да испратите сигнали до нејзиниот клиторис со бакнежи.

Ушите можат да бидат прилично чувствителни бидејќи содржат краеви на бројни нерви.

Покрај бакнежите, шепотете и нешто на увото, тоа уште повеќе ќе ја возбуди.

Популарно