Во ресторан на плажа претепан син на бизнисмен!

Во ресторан во Пула претепан е гостин кој наводно не сакал да си ја плати сметката.

Според пишувањата на локалните медиуми, персоналот на ресторанот го претепале 26-годишниот гостин бидејќи откако ручал не ја платил сметката.

-Син ми седна во ресторан, и додека ме чекал , јадел пица и пиел пиво. Бидејќи поради работни обврски задоцнив да му донесам пари да плати и да си оди дома. Меѓутоа, штом стигнав на паркингот тој беше на другата страна од патот, видов како целиот персонал од ресторанот го удира додека лежи на земја. Мислеле дека ќе избега и викаа по него. Сега е со скршена рака и едно ребро. Дири и да имало некаков проблем, било какво недоразбирање, не е нормално да претепате човек за пица, вели таткото на нападнатото момче, сопственик на неколку кафулиња во Пула.

Медиумите побарале одговори и во ресторанот во кој што се случил инцидентот.

-Ќе проверам за што станува збор, но не верувам дека моите вработени некого би претепале. Се случувало некој да нема пари или тврдоглаво да плати, но никој никогаш не бил нападнат. Ние ја негуваме репутацијата на нашиот бар и навистина тоа што ме прашувате ми е за неверување, рекол сопственикот на ресторанот.

Од полицијата го потврдија настанот и работи на околностите како дошло до овој немил настан.

-Полицијата го испитува настанот со повредата на 26-годишното момче кое на 31 јули околу 23.20 часот пријавило дека на Форуот во Пула бил нападнат од повеќе лица затоа што не платил за оброкот кој го конзумирал во ресторанот. Во инцидентот тешко повредено е момчето, а полицијата продолжува да испитува под кои околности настанал овој настан, велат од полицијата.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно