Почина актерот Митко Апостоловски

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст.

Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

На „Табановце“ се чека до еден час, на „Богородица“ до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез се чека до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Украина се заблагодари за воената помош од Македонија

Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Михаило Подољак на својот Твитер профил се заблагодари за македонската донација на оружје за Украина.

 Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на. Ние никогаш нема да го заборавиме ова.“ вели тој.

Тој во друг твит се заблагодари и за тенковите и авионите кои Северна Македонија ги испрати за Украина во нејзината борба против соседна Русија.

И денеска голема гужва на Табановце, се чека и на Богородица

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез се чека до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

Популарно