Асани: Албанците во Македонија продолжуваат да бидат дискриминирани иако се, всушност, мнозинство!

„Швајцарија треба да биде држава-модел за Македонија, од кој таа ќе извлече поука во поглед на рамноправноста на Албанците и албанскиот јазик.“ – вели Ахмет Асани во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Асани пишува: „Кога во Швајцарија ги прашуваат граѓаните кој е јазикот на Швајцарија одгoворот, што се добива, е дека во оваа држава германскиот, францускиот и италијанскиот се целосно рамноправни како три швајцарски јазици.“

„Во Македонија секогаш кога се зборува за правата на етничките Албанци се случува сите други неалбански етникуми да се соберат, да се нарекуваат себеси Македонци, а својот јазик македонски, иако ниту еден од овие етникуми нема ништо заедничко ниту со историјата, ниту со името на Македонија.“

„Македонија може да функционира како држава само ако како модел ја земе Швајцарија како држава, во која сите етникуми и сите јазици се рамноправни пред законот!“

„Во оваа насока Косово е добар пример! Во Косово Србите учествуваат со помалку од 5 проценти во структурата на населението, но тие се, сепак, целосно еднакви со Албанците, додека во Македонија Албанците продолжуваат да бидат дискриминирани иако се, всушност, мнозинство!“

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно