Поранешното момче ја нападна пејачкaта од „Ѕвездите на Гранд“

Ова не е првпат пејачката да биде претепана, Марина во февруари годинава се огласи на социјалните мрежи и изјави дека ја претепале двајца непознати мажи

Пејачката на „Гранд“, Марина Радосављевиќ беше претепана на 4-ти август во Врњачка Бања. Била претепана од нејзиниот поранешен љубовник И.Т., по кого полицијата интензивно трага.

Имено, Марина моментално е сместена на хируршкото одделение во Краљево, од каде се огласил и ги открил деталите за нападот.

- Не сум добро. Моментално сум на хируршкото одделение во Краљево. Прстот ми е скршен, имам силни болки во пределот на градите, ме болат сите коски, лицето ми е изобличено и имам руска јака. Мислев дека докторите ќе ме пуштат денес дома, но докторот ми рече дека не доаѓа предвид затоа што имав потрес на мозокот и поради тоа штом се обидам да станам почнувам да повраќам. Затоа не ме пуштаат да си одам дома и ќе треба да останам малку во болница - рекла Марина, а потоа раскажала како се случил немилиот инцидент.

- Мојот пријател ме наговори да дојдам, иако, да ви кажам искрено, воопшто не ми се излегуваше. Бевме во ВИП-ложата кога, како што ми кажаа, влетал И.Т и почнал да ме удира. Неговите пријатели беа околу него и никој не направи ништо за тоа. Од првиот удар паднав на подот, а потоа бев во несвест, но тој продолжи да ме удира. Така, неговите пријатели го видоа, но верувам дека сето тоа беше снимено на камера. Исто така, дронот цело време летал наоколу, па веројатно сè е снимено преку него.

Како што пренесува „Објектив“, сограѓани кои случајно се нашле на местото на настанот тврдат дека Марина и претходно го провоцирала Иван, а тоа било чкрапалото кое го натерало Иван да употреби сила. Од друга страна, приказната на Марина е сосема поинаква:

- Не дека не го испровоцирав, но воопшто не го забележав, ниту бев во негова близина. Дојдов со мојата пријателка и таа ми кажа за тоа потоа, бидејќи не се сеќавам на тој прв момент поради потрес на мозокот. Слушнал од луѓето дека дојдов, се симна и веднаш почна да ме тепа. Навистина не знам која е причината за сето ова, но во ниту еден момент не му дадов причина да ме нападне.

Марина открива и дека целиот случај е пријавен кај надлежните.

- Ова не ми се случува првпат. Го пријавив во полиција, а од нив добив информација дека побегнал. Искрено верувам дека надлежните органи си ја вршат својата работа, но моите пријатели ме информираа дека и покрај сè тој третиот ден на „Лав фест“ повторно се појавил како ништо да не се случило - изјави Марина.

Да потсетиме, не е прв пат пејачката да биде претепана, таа во февруари годинава се огласи на социјалните мрежи и кажа дека ја претепале двајца непознати мажи.

- Беспомошно легнав на подот и гледав како со благо трчање го прескокнуваат коритото на Врњачка река и си заминуваат. Јас сум во неверување, но сум добро и психички стабилна, толку многу што обидот да ме заплашат, тепаат и евентуално да ме убијат може да се квалификува како кукавичлук и лошиот систем на функционирање на денешницата. Во Тексас сме или Врњачка Бања? Се чувствувам разочарано и незаштитено – напиша тогаш Марина.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно