8 годишно девојче се заглавило во автомобил додека си играло, починало од топлотен удар

Осум годишно девојче почина во напуштен автомобил на нејзиниот дедо во местото Чаландри кај Атина, откако доживеала топлотен удар.

Девојчето било пронајдено без свест од жителите на ромскиот камп, кој се наоѓал во близина. Малото девојче си играло кога од засега непознати причини се заглавило во автомобилот и доживеало топлотен удар.

Девојчето било пренесено во болницата „Гениматас“, каде била констатирана смрт.

Полициските службеници од Одделението за обезбедување кои го истражуваат случајот ги привеле таткото и мајката на девојчето на возраст од 29 и 27 години поради „смртоносно изложување на малолетник“.

Лекарите проценуваат дека 8-годишното девојче починало од топлотен удар, а дополнително е побарана и обдукција

Најмалку три лица загинаа во железничка несреќа во Хрватска

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска.

Судирот се случил синоќа, околу 21:30 часот по локално време, во близина на градот Новска, кој се наоѓа блиску до границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.

– Ударот беше огромен, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на местото на инцидентот отиде заедно со други владини претставници. Пленковиќ потврди дека на местото на инцидентот се пронајдени тела на три лица, но рече дека може да се откријат уште жртви во утринските часови, пренесе ТВ „ТРТ“.

Повредените се хоспитализирани, бидејќи некои од нив се со тешки повреди, но никој не е во животна опасност, додаде тој. Како што дознава Индекс, патничкиот воз се движел со брзина од 100 км/ч кога налетал на воз во дефект.

Возот, наводно, поминал на црвено светло пред да удри во запрен товарен воз со полна брзина. На местото на несреќата е Томислав Антун Бибер, главен истражувач за железнички несреќи од хрватската Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, железничкиот и поморскиот транспорт.

– Очигледно е дека патничкиот воз удрил во товарниот воз, кој бил во дефект. Според некои информации, патничкиот воз не застанал на сигналот за застанување“, изјави Бибер за „ 24сата“. Истрагата ќе утврди зошто возот не застанал.

Силен земјотрес рано утрово го погоди популарното грчко летувалиште

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Лефкада.

Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина соопшти дека земјотресот се случил на оддалеченост од 287 километри западно/северозападно од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во морското подрачје на осум километри западно/југозападно од градот Василики Лефкада.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, но грчките податоци покажале дека бил послаб – 4,3 степени.

Лефкада е грчки, јонски остров, многу популарен меѓу туристите.

Балканот во ШОК: Баба го шета внукот врзан со синџир како куче

Сцена од улиците на Суботица шокираше и згрози многумина, на која се гледа како баба го шета својот внук врзан со синџир околу вратот.

Таа тврдела дека по негово барање си играла со внукот и дека тој самиот и го врзал синџирот околу вратот.

Жената не сакала да се претстави, но мајката на момчето ги потврдила зборовите на нејзината мајка. Изјавите на бабата ги потврдијле и блиските продавачи.

Дури и ако изјавите на оваа баба се вистинити и тоа е само „игра“ на која инсистирал нејзиниот внук, може да стане многу опасно и непредвидливо, за што момчето на сликата секако не е свесно.

Во коментарите луѓето ја осудија оваа постапка на бабата, но и мајката која ја оправдала.

Популарно