На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, а на ГП „Табановце“ се чека околу еден час за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

„Голф“ падна во Вардар, нуркачки екипи трагаат по патниците

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици движејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднало од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во  еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало, соопштија од ЦУК. 

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оствари комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС.

МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кризи.

Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има

Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата за миграција на работна сила, Битиќи информира дека е обезбеден и гас.

-ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас, рече Битиќи.

Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.

-Дојдено е време да читаат и да толкуваат треба тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на прватниот партнер не сум задоовлен, би сакал тоа ЕСМ да го направи, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради.

Скопјанка (51) земала 600.000 денари кредит со лажна потврда за вработување и лични примања

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.З.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит".

Во текот на 2021 година, со намера да прикаже дека е кредитоспособна при аплицирање за одобрување ненаменски потрошувачки кредит во една од банките, кон апликацијата за кредит приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа.

На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да ѝ одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари, за кој износ ја оштетила банката и се стекнала со противправна имотна корист.

Популарно