ЕВН: Сите други плаќаат за украдената струја во Арачиново!

Со 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена енергија, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, Арачиново е на првото место на неславната листа во Македонија, велат за МКД.мк од ЕВН Македонија. Сите трафостаници покажуваат кражба од над 50 проценти, а една од трафостаниците бележи 96,1 процент загуба на енергија. Во моментов се работи на санирање на дефектите, на „снимање“ на состојбите со трафостаниците и со мрежата, на нелегалните кабли и приклучоци, по што, велат од компанијата, секако ќе следат и кривични пријави за кражба на струја.

Најнапред мора да се увидат точните места, да се увидат дефектите, уништените средства и потоа да се пристапи кон прецизирање на планот за реконструкција на мрежата која веројатно ќе треба да се реализира речиси во целост, што пак ќе трае долго, со месеци, велат од ЕВН, но посочуваат дека на нивните вработени „не им давале“ во Арачиново да го остварат досегашниот план во интерес на граѓаните, на целата држава и на ЕВН, велат од компанијата.

На прашањето кој тоа „не давал“, од ЕВН велат дека тоа се жители од ова населено место, кое според загубата (кражба) на струја, е на првото место во Македонија. Тоа е голема сума, се нагласува, која достигна 6 милиони евра, а која ја плаќа целата држава. 

И сите граѓани ја плаќаме оваа кражба, забележавме ние, на што од ЕВН потврдуваат дека сме во право.

„Сите ја плаќаме, и скапата но и евтината тарифа од делот на украдената струја“, велат од копанијата.

На прашањето дали се веќе евидентирани точни адреси и лица кои крадат струја и дали ќе бидат поднесени кривични пријави против нив, од компанијата велат дека досега тоа не биле во можност да го сторат, затоа што „не им давале“, но дека сега напорите одат во подобар правец. 

Деновиве на терен немаме проблем, велат од ЕВН и додаваат дека најпрво ќе треба да се направат записници за констатираните состојби, со прецизни податоци откако точно ќе се евидентираат местата каде се краде енергија.

Досега имаме констатирано загуба на енергија, односно нефактурирана потрошена енергија која на годишно ниво е во тој износ од 6 милиони евра. Се разбира, еден износ од таа сума е предвидена, односно техничка загуба која секогаш постои низ мрежата, па сепак, нагласуваат од компанијата, тука во најголем дел станува збор за украдена струја.

ЕВН има податоци според трафостаници во таа општина, кои се всушност и многу загрижувачки бидејќи сите покажуваат кражба на струја. Кај една трафостаница таа загуба на енергија достигнува 96,1 отсто, кај пет трафостаници загубата изнесува од 81 до над 85 проценти, а кај останатите се движи од 56 до 79 проценти

Проблемот е што покрај домаќинства, сигурно станува збор и за многу потрошена - украдена струја која се користи во производствени капацитети, а која инаку се тарифира по повисоки цени определени за деловни корисници. 

Има и други места во Македонија кои се наоѓаат на таа неславна листа според украдената струја, но во дел од нив, како во населени места од тетовско, гостиварско и скопско, успешно се реализираат проекти со соработка на локалните власти за непопречување на работата на екипите на ЕВН на терен и за регулирање на плаќањето на струјата. 

Проблемите главно не се во урбаните центри, туку во дел од селата или неурбанизираните периферни делови од градовите.

Струјата станува најскап произод во светот, во кризна состојба е и Македонија и добро е што за проблемот со кражба на струјата сега повеќе се заинтересира Владата имајќи предвид дека секоја загуба на струја уште подраматично ќе се одрази на вкупната енергетска состојба, конечно и на цената, велат од ЕВН Македонија.

Мкд.мк

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно