ВО ЖИВО: Погребот на Кралицата Елизабета

Велика Британија ја затвори вратата на Вестминстерската опатија, каде што се наоѓа ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, пренесува „Би-Би-Си“.

Стотици илјади луѓе кои дојдоа во Лондон од цела Британија и од различни делови на светот можеа да и оддадат почит на кралицата од средата навечер до 7:30 утрово, кога вратите на салата беа затворени за јавноста.

Стражарите стоеја по шест часа покрај ковчегот, наизменично, но сега, кога вратите се затворени, започнаа последните подготовки за државниот погреб, кој во 11:00 часот по локално време.

Елизабета Втора почина на 8 септември на 97-годишна возраст, а се очекува денеска на улиците на Лондон да има милион луѓе кои ќе ја придружуваат кралицата до нејзиниот вечен одмор.

Видео: Уапсен е осомничениот за убиството на раперот Тејкоф

Полицијата во САД го уапси осомничениот за убиството на познатиот рапер Тејкоф од хип-хоп групата „Мигос“. Станува збор за Патрик Ксавијер Кларк, за кој се верува дека го застрела Тејкоф во една кугнала во Хјустон. Инцидентот се случи на почетокот во ноември.

Шефот на тамошната полиција Трој Финер одржа и конференција за новинарите. Вториот напаѓач, Камерон Џошуа, исто така е зад решетки. Тој е поврзан со овој случај и е обвинет за недозволено носење оружје.

„Изгубивме добар човек“, рече Финер и дополни дека веќе разговарал со семејството на Тејкоф и им се заблагодари за трпението во овој страшен период за нив. За потсетување, Тејкоф беше застрелан на 1 ноември во куглана во центарот на Хјустон, околу 2:30 часот утрото. Таму беше со колега од „Мигос“ и раперот Квав.

Во Германија се зголемува бројот на работници со скратено работно време

Во Германија бројот на работници со скратено работно време се зголеми за првпат од јануари, а во периодот август – ноември се зголеми од 76.000 на 187.000, соопшти Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО.

Според Институтот, енергетската криза предизвикува благо зголемување на скратеното работно време во Германија во производствените активности, а порастот е најизразен во преработувачката индустрија каде бројот на работници со скратено работно време се зголемил од 59.000 на 151.000.

ИФО наведува дека тие податоци ги добил врз основа на спроведени истражувања, како и податоци од германската Федерална агенција за вработување.

Во автомобилската индустрија бројот на работници со скратено работно време се зголемил од 14.100 на 33.400, а во хемиската индустрија од 7.400 на 21.200.

Француските багети заштитени како наследство на УНЕСКО

Францускиот багет – „250 грама магија и совршенство“, според зборовите на претседателот Емануел Макрон и еден од нераскинливите симболи на нацијата, доби статус на наследство на УНЕСКО.

– Ова е признание за заедницата на занаетчии пекари и слаткари. Багетата е брашно, вода, сол и квасец – и мајсторство околу лебот, рече во изјавата Доминик Анрак, претседател на Федерацијата на производители на леб.

Багетите со крцкава надворешност и мека средина останаа препознатлива француска закуска, заедно со, на пример баретите и низите од лук. Затоа, Агенцијата на ОН го даде „Статутот на нематеријалното културно наследство“ на традицијата за готвење багети и начинот на живот што ја опкружува.

Од 1970 г. Франција губи околу 400 занаетчиски пекари годишно – од 55.000 (еден на 790 жители) до 35.000 денес (еден на 2.000). Падот се должи на ширењето на индустриските пекари, супермаркети и киосци за брза храна, и во градот во руралните средини.

– Првично, багетата се сметаше за луксузен производ, бидејќи работничката класа јадела селски леб, изјави Лоик Бјенасис од Европскиот институт за историја на храна и култура, кој помогна да се подготви досието во УНЕСКО.

– Потоа, употребата на овој производ беше широко распространет во 1960-тите и 70-тите, па минатиот век багетите доминираа во селата, рече тој.

Раната историја на багетите е прилично нејасна. Своето постојно име го добиле дури 1920 година, кога со закон се дефинирала минималната тежина (80 грама) и максимална должина (40 сантиметри).

Според една од легендите, Наполеон наредил лебот да се направи во тенки стапчиња, коишто војниците полесно ќе ги носат. Друга прикаска ги поврзува багетите со изградбата на париското метро на крајот на 19 век и тоа дека полесно се сечат и споделуваат меѓу градежниците.

Франција го поднесе своето барање до УНЕСКО на почетокот на 2021 година, бидејќи багетите, избирајќи ги пред цинковите покриви во Париз и Фестивалот на виното во Арбоа.

Популарно