(Фото) Сандра Африка повторно ги зголемила градите

Популарната пејачка Сандра Африка, како што дознава ПИНК, била оперирана пред две недели во приватна клиника во Белград.

Иако нејзините тезги низ регионот, но и во дијаспората, беа закажани неколку месеци однапред, Сандра беше принудена да откаже само неколку средби со јавноста, за да ги замени “истрошените силикони“, кои ги планираше подолго време, но не можеше поради зафатениот распоред.

-Сандра долго време ја планира оваа операција. Не сакаше во текот на летото поради турнејата, имаше настапи секоја вечер, а во текот на летото не е соодветно да се прави тоа. Штом малку се олади, таа некако успеа да откаже неколку настапи и да закаже операција. Имаше некои проблеми, сакаше подобар естетски ефект, а време беше за тоа,  вели за ПИНК извор близок до пејачката и додава:

-Се е супер фала Богу помина, отиде кај проверени луѓе. Малку ги зголеми градите, нема да има некоја огромна разлика, но ќе изгледаат побујно, помазно. И наредиле строг одмор, поради што не можела да работи, но по неколку дена, кога се се нормализира, снимила спот за нова песна, која наскоро ќе ја објави. Сега се е во ред, таа одлично реагираше на операцијата и функционира сосема нормално, заклучува изворот.

Да потсетиме, ова е трета операција на градите на Сандра – многу одамна, пред да стапне на сцената, ги зголеми градите, кои веќе еднаш ги промени во 2015 година. Седум години подоцна следеше уште една операција.

ФОТО: Еден погрешен чекор покажа што носи под фустанот

Албанската пејачка направи голема грешка со фустанот кој го облекла, а папараците подготвено ја дочекаа. Рита Ора никогаш не ја криела наклонетоста кон провокативната облека, но вчера направи грешка.

Пејачката, имено, се појавила на една прослава во Лондон, а за таа прилика одбрала огнено црвен фустан со длабоко деколте и со уште подлабок шлиц на нозете. Сето тоа го искомбинирала со црвен детаљ на главата, но ниту тој не го одвлекол вниманието од тоа што се случило.

Секој чекор бил ризичен за пејачката во овој фустан и на крајот и се случило неизбежното, па еден незгоден чекор покажал што крие Рита Ора под фустанот.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

ФОТО: Девојки запрепастени од она што го виделе на фотографија од Ибица

Фотографија од девојки од Велика Британија стана популарна преку ноќ, поради еден дтаљ кој се крие на неа.

Одоморот на Ибица за три пријателки се претворил во мини пекол откако ги изгубиле патните исправи.

Имено, девојките се фотографирале во ноќен клуб и истата вечер ги изгубиле пасошите. Неколку денови биле потребни за издавање на пасоши за итни случаи за да се вратат дома. Новата документација ја чекале четири дена, а пасошите им биле всушност пред нос.

На фотографијата од забавата се гледаат пасоќшите и паричник пред нивните нозе. Не ги виделе дека се таму, се додека не ја погледнале фотографијата.

„Мислам дека некој ги фрлил или можеби само и украл. Се испостави дека цело време биле пред нас“, напишале девојките на Твитер.

Популарно