Готвачката на Здравко Чолиќ проговори за неговата убава навика, а еве на кои јадења не можел да одолее

Пејачот Здравко Чолиќ ретко се гледа на други јавни места освен на концертите, а семејниот живот кој го води далеку зад камерите е токму причината поради која отсекогаш будел интерес кај многумина.

И додека порано се прашувавме што прави Чола во слободното време, сега имаме можност да ги слушнеме неговите навики, омилените специјалитети, па дури и колку се готви во неговата куќа.

За сето тоа зборуваше Сандра Ѓуретиќ, поранешната готвачка на пејачот, која пред неколку години имала можност да му приготви храна во ресторан со национална кујна, кој често го посетувал.

Сандра денес има свој блог, а вистински српски специјалитети претходно, меѓу другото, му подготвувала и на Чола, кој често бил гостин или нарачувал храна. Работела во позната белградска кафана, а каков е Чолиќ сега дознала во неговите неформални јавни настапи.

-Беше наш редовен гостин и пред се човек од народот, со светол и ведар дух, секогаш добредојден и насмеан. Секогаш кога доаѓаше во ресторанот, прво одеше во кујната да не почести нас кои работиме таму. Никој од познатите не го направи тоа, открива блогерката, а потоа раскажала кои јадења ги нарачувал Чола.

-Секогаш нарачуваше домашно зготвени јадења кои беа на менито на ресторанот тој ден. Сакаше домашни лепчиња и лебови што ги месев. Често доаѓаше со семејството, па дури и телефонски нарачуваше храна и доаѓаше само да ја земе. Бидејќи беше ресторан со национална кујна, немаше модерни колачи, но направивме вистинска мрзлива пита, кремпитаи што ги правеа нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа многу го сакаше, изјавила таа за локалните медиуми.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно