Сталоне како мафијаш во својата прва ТВ-серија во кариерата

„Парамоунт плус“ почна со прикажување на акционата серија за мафијаш од Њујорк кој излегува од затвор по 25 години и оди во Тулса, Оклахома, САД… Занимливо е тоа што ова е прва главна улога на Силвестер Сталоне во ТВ-серија, по 80 филмови во неговата кариера.

Се работи за „Кралот на Тулса“ (Tulsa King), па според многумина светски познатиот „Слај“ (75) сѐ уште добро се држи, и сѐ уште шармантно ги пренесува репликите низ неговиот препознатлив изговор, водејќи нѐ во светот на мафијата.

Тој самиот вели дека телевизијата е многу потешка од снимањето филмови, па второво сега му се чини како „одмор“.

На ИМДБ, серијата има просечна оценка 8,4 / 10, а на „Ротен томатос“ ја препорачуваат 86 отсто од гледачите.

Џенифер Гарнер во нова семејна комедија

Џенифер Гарнер и Ед Хелмс глумат во новата божиќна комедија „Family Switch“. Филмот пристигнува на 30 ноември, а официјалниот трејлер објавен на Јутјуб има речиси три милиони прегледи.

Приказната е заснована на детската книга „Време за спиење за мама“ (Bedtime for Mommy) од Ејми Круз Розентал, од 2010 година. Се раскажува за семејството Вокер каде што се случува хаос неколку дена пред Божиќ, кога „ретка вселенска појава“ ги заменува душите во телата на родителите и децата - тинејџери, а во куќата има и куче...

Филмот е режиран од Џозеф Мекгинти Никол, попознат како „Мекги“, според сценарио на Адам Штикирлс и Викторија Строус. Во филмот играат и Ема Мајерс, Брејди Ноун, Матијас Швејфер и Рита Морено.

(Видео) Објавен трејлерот за филмот за Џеј Рамадановски

Објавен е првиот трејлер за филмот „Недела“ кој ја следи животната приказна на легендарниот изведувач на народна музика Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември 2020 година од срцев удар.

Инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал.

Иако немал лесно детство, кое во најголем дел го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни да стане дел од животот на многумина.

Откако на крајот на 2021 година беше најавено дека ќе се снима филм за легендата на народната музика, српските медиуми објавија дека главната улога ќе ја има Хусеин Алијевиќ од поранешната група „Бит стрит“.

Видео: До крајот на годинава се очекува да излезе филм за подемот на Енцо Ферари

Биографскиот филм за Енцо Ферари ќе излезе пред крајот на годината, а трејлерот е веќе тука.

Ферари, кој се фокусира на приватниот живот на основачот на легендарниот бренд со фокус на неговото учество на трката Mille Miglia во 1957 година, главната улога ја толкува Адам Драјвер и неговата сопруга Пенелопе Круз.

Во 1957 година, Ferrari произведуваше друмски автомобили само една деценија и беше далеку од моќниот бренд каков што е денес. Компанијата беше блиску до банкрот, а учеството во Mille Miglia беше клучно за нејзиниот подем до успех. Во филмот играат и Патрик Демпси како Пјеро Таруфи, Џек О’Конел како Питер Колинс и Габриел Леоне како Алфонсо Де Портаго како тркачи.

Мајкл Ман го презеде директорското кормило. „Многу пати мислев дека овој филм е невозможно да се направи“, рече тој. „Потоа повторно го прочитав сценариото и повторно излезе она што беше магично и привлечно во него и секогаш останав целосно посветен на тоа.

Популарно