Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2 декември) СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул „Илинден“ поради најавен протест од приватните превозници кој ќе почне во 6 часот.

Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул. „8 Септември“  и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници. 

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 19.01.2023 (четврток), по повод верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Така, во периодот од 08.00 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот празник Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со ул.„11 Октомври“ во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров од 08.00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, како и ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“. Исто така, затворени за сообраќај ќе бидат сообраќајниците од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Стар Аеродром доби нов паркинг простор

Во населбата Стар Аеродром е пуштен во употреба нов паркинг на простор од околу 1500 квадратни метри со капацитет од 60 паркинг места.

Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Аеродром.

-Во рамките на овие инвестиции, активно се работи за почеток на изградба на паркинзи на уште две други локации со вкупен капацитет од над 160 паркинг места, првиот во близина на „Мајчин дом“, а вториот во населбата Мичурин. Настојуваме во нашата работа да ставиме акцент на најважните предизвици со кои се сооочуваат граѓаните, водејќи сметка за развојот на секое населено место. Во буџетот за оваа година предвидени се голем број инвестиции со кои Аеродром и понатаму ќе биде најубаво место за живеење, порача денеска градоначалникот на општина Тимчо Муцунски. 

Повторно поставен знакот „Ја сакам Кисела Вода“

Во општина Кисела Вода, на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Народни херои“, повторно е поставен знакот „Ја сакам Кисела Вода“.

Фотографија од местото сподели градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

Знакот-натпис беше отстранет кон крајот на октомври минатата година по налог на Град Скопје.

Популарно