Малолетник од Скопје е испраќачот на заканите за бомби, искористил IP адреса на неговата мајка

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик.

– Пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26 октомври до 2 ноември годинава на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 4 ноември од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адресата на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта. Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14:09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина, информираат од МВР.

Од страна Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи.

– Со цел обезбедување докази, од страна на Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка, преземени се мерки при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 4 ноември 2022 година во 11.17 часот од Ај-Пи адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч. (43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице, поаснуваат од МВР.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 7 ноември бил извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот, а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кривично пријавениот. Притоа било утврдено дека на 4 ноември преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење безбедна електронска пошта.

На 7 ноември во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го признал делото и го појасни начинот на негово извршување. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно