Нови цени на горивата од полноќ

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 83,00 ден/литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 85,50 ден/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/литар.

Полицијата попладнево упадна во Академијата за судии и јавни обвинители

Министерството за внатрешни работи попладнево влегло во Академијата за судии и јавни обвинители, каде во моментов се вршат проверки на евентуални злоупотреби на системот за полагање испити.

Според неофицијални информации станува збор за проверка на индиции за злоупотреби поврзани со полагање испити и тестови.

Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

МВР: На 1 и 2 август да не се користи делницата Прилеп - Крушево

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Денот на Републиката, Илинден, на 1 и 2 август 2024 година да ги користат патните правци: Прилеп - Битола - по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, треба да се користат овие патни правци поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп - Крушево, кој е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани. 

Таравари: Комплетно реновирана невролошката амбуланта на Детска клиника, обезбеден и нов апарат- ехосонограф

На Клиниката за детски болести комплетно е реновирана невролошката амбуланта. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на оваа клиника.

- Обновата на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат. Приоритет на Министерството за здравство е континуирано унапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура. За таа цел, во изминатиот период е обезбеден нов апарат - ехосонограф, односно ултразвучен премиум колор доплер апарат, кој  овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика, потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.

Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е единствен центар за специфична дијагностика и третман на пациенти со невролошки заболувања од новороденчиња до адолесценти.

-Обновени се три консултативни амбуланти, ехосонографски кабинет и два ЕЕГ кабинета, каде месечно се прегледуваат во просек по илјада пациенти, информираше д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за Детски болести.

Популарно