Повторно поставен знакот „Ја сакам Кисела Вода“

Во општина Кисела Вода, на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Народни херои“, повторно е поставен знакот „Ја сакам Кисела Вода“.

Фотографија од местото сподели градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

Знакот-натпис беше отстранет кон крајот на октомври минатата година по налог на Град Скопје.

Петар Пан – балетска претстава за деца

Во Националната опера и балет, на 31 март, премиерно ќе бидат изведени две претстави на „Петар Пан“, балетот за деца. Станува збор за омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат.

Ова е претстава за сите убавини на земјата Недојдија, за имагинација оплеменета со многу добра музика, игра и разноразни чудесии што ќе ги анимираат децата во претставите од 17.30 и 20.00 часот.

Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите који го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либретото го пее Ѕвончица, преку различни песнички.

Сценариото и сонговите ги потпишува Ристо Самарџиев,  кореографија и режија се на Ирена Лозинска, а визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката ја потпишува Владимир Дојчиновски -Дојчин, а продукцијата е на  М- Соунд.

Петар Пан е музичко балетски спектакл, во кој учествуваат 56 деца од балетското студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас  Алехандре Хоурсеау, гости при балетскиот ансамбл.

Билетите се на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк

Градот Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз

Јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз.

На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина.

Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз. 

Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз.

За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси, стои во соопштението од Град Скопје.

Град Скопје

Популарно