Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески

Во Тетово денеска на 75-годишна возраст почина Александар В. Настески, академски сликар и уметник. Роден е во 1948 во гостиварско Зубовце. Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, додека Академија  за применета уметност во Белград (Р.Србија) во 1977 година. Бил член  на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1977 година, како и на Здружението на ликовни уметници од Тетово, а учествувал на заедничките изложби на двете друштва.

Во странство учествувал на меѓународни изложби во Париз, Кањ-сур-мер во Франција и во Капо ди Понте во Италија. Учествувал на Меѓународниот симпозиум за карпеста уметност Валкамоника во Капо ди Понте- Италија во 2011 год. со свој труд и своја изложба, а во 2013 со свој труд, додека во 2018 год. е учесник на Конгресот на интернационална федерација за карпеста уметност со свој труд.

Настески минатата 2022 година по повод Денот на ослободувањето на Тетово доби Признание – 19 Ноември за животно дело во областа во областа на уметноста. Во 2021 година со пригодна изложба со своите дела во Уметничката галерија во Тетово одбележа 50 години ликовно творештво.  

Тетовскиот академски уметник прва самостојна изложба имал во Уметничката галерија во Тетово во 1971 година, две години по завршувањето на Педагошката академија во Скопје.

Погребот се одржа денес во 13 часот. 

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно