Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови каде ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Попладне врнежите ќе престанат, но ќе се задржи облачно, освен во крајните западни делови каде ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во наредните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските делови од дожд и снег.

Денеска не излегувајте без чадор - ќе врне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според прогнозата на УХМР, и во недела времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

-Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Силен ветер, громови, дожд најавени за денес попладне

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација од Управата за хидрометеролошки работи.

„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град“, велат од ЦУК.

И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.

Дали и следната недела ќе биде вака пеколно жешко?

Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран.

Времето ќе биде многу топло со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во Скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени.

UV индексот ќе има многу висока вредност 10.

Популарно