Времето денеска ќе биде претежно облачно

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег.

Во четврток и петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.

Издаден портокалов аларм во Македонија

Според најновите информации на УХМР, претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег.

Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот, велат од УХМР.

Доаѓаат обилни врнежи од дожд и силен ветер

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од југозападен правец,  информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степен.

Од УХМР најавуваат дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне, преку ноќта и во сабота врнежите на места повремено ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот особено преку денот ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Денеска не излегувајте без чадор - ќе врне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според прогнозата на УХМР, и во недела времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

-Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Популарно