Времето денеска ќе биде променливо облачно, а локално ќе има слаби врнежи од снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Натпросечно топло во првата половина на септември, прогнозира Славчо Поповски

Според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември, прогнозира познатиот метео прогнозер Славчо Поповски. 

Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека  и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа, пишува во своето најново предвидување Поповски.

Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Продолжено лето оваа година ќе има и во останатите предели од Балканот, што значи насекаде ќе биде натпросечно топло со високи температури на воздухот.

Оние граѓани кои планираат одмор во првата половина од септември, слободно можат да го направат тоа, поради тоа што насекаде во регионот температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за првата половина на септември. 

Очекувајте сончево и топло време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 31 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според УХМР, следува период на топло време. Во деновите од викендот наместа ќе има пороен дожд и грмежи, а локално и услови за појава на невреме. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Не излегувајте од дома ако немате потреба: Температури до 40 степени

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со максимална температура до 39 степени.

Како што најавува УХМР, продолжува периодот на сончево и многу топло време и во наредните денови, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Популарно