Одложено судењето за „Беса Транс“

Поради отсуство на претставник на Царинската управа како сведок предложен од страна на Јавното обвинителство, денешното рочиште на судењето за „Беса Транс“ се одложи.

Следното рочиште е закажано на 1 мај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 19 часот и 40 минути на улицата „Љуботенска“ во Тетово го привеле 31-годишниот тетовец С.Џ., соопштија денеска од МВР.

Како што стои во соопштението, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во затворот Идризово во Скопје за издржување на казната. 

Со украдено возило барано од Интерпол се обидел да помине на ГП Блаце - Приведен 33 годишник

На 19.02.2024 во 21.35 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ч.(33) од Република Албанија затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „цитроен ц5“ со белгиски национални ознаки, кое го управувал, евидирало по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка Интерпол.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

Фондот за здравство го одбил барањето на Леонид за лекување во странство иако тој веќе две недели е во Виена

Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.

Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.

-Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена. Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето! При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.

Инаку, транспортот на Леонид до Виена беше прв од таков вид во државата. Опремата на медихоптерот е донација од Европската Унија, а лекарски тим од „8ми Септември“ го придружуваше 19 годишниот Леонид се до клиниката во Австрија.

За Леонид со месеци се собираа средства бидејќи операциите и третманот за ваков вид повреда беа многу скапи. Тој беше опериран во болница во Солун каде беше пренесен веднаш по несреќата. Од повредата не можеше да ги движи рацете и нозете. Леонид Индов е ученик во математичко информатичката гимназија, каде ги развивал своите таленти и вештини во областа на информатиката и истражувањата. Лео има повеќе интернационални успеси а добил и прво место на меѓународен натпревар НАСА за развој на апликации.

Популарно