Бројот на загинати од земјотресот во Турција и Сирија се искачи над 5.000

Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија денеска се искачи над 5.000, покажаа официјалните податоци, а спасувачките тимови се уште трагаат по преживеани под урнатините.

Најмалку 3.419 луѓе загинаа во Турција и 1.602 во делови на Сирија под контрола на владата и бунтовниците, со што вкупниот број достигна најмалку 5.021, соопштија официјални лица и медицински извори. 

Видео: Баба скокнала од мост држејќи го внучето во раце во Подгорица

Полицијата околу 11.20 часот под мост во центарот на Подгорица пронашла тело на жена (62) која била забележана со бебе во Морача.

Детето е извлечено од реката и испратено во Заводот за детски болести, пренесуваат медиумите во регионот.

Како што пишува „Новости“, постои сомневање дека бабата скокнала од мостот во Подгорица, држејќи во рацете машко бебе – внукот. Но, за среќа, веднаш на помош дошле случајни минувачи кои го извадиле детето.

Со брза реакција работниците на градското претпријатие „Зеленило„ Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак успеале да го спасат бебето од Морача.

Ибрахимовиќ и Мујак вршеле редовни работни задачи кај мостот кога виделе дека бебето паднало во студената река.

Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.

Според написите, детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот.

Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.

На полноќ почнува предизборниот молк пред претседателските избори во Црна Гора

На полноќ почнува изборниот молк во пресрет на изборите за претседател на Црна Гора, кои ќе се одржат в недела.

На изборите ќе учествуваат лидерите на повеќе партии, меѓу кои Мило Ѓукановиќ од Демократската партија на социјалистите , Андрија Мандиќ од Новата српска демократија, Алекса Бечиќ од Демократи и Горан Даниловиќ од Обединета Црна Гора.

Кандидати за претседател се и еден од лидерите на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ, членот на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани. Најмногу гласачи има во Подгорица – 143.608, а најмалку во Шавник – 1.777.

Избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.

Претседателските избори на 19 март ќе бидат четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој добил повеќе од половина од важечките гласови на гласачите кои гласале.

Доколку ниту еден кандидат не го добие тој број гласови, втор круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, на 2 април.

Во вториот изборен круг учествуваат двајцата кандидати кои ќе добијат најголем број гласови.

Во вториот круг за претседател на државата ќе биде избран кандидатот кој добил најголем број гласови.

Досега претседатели на Црна Гора беа Момир Булатовиќ, Филип Вујановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Претседателот се избира на пет години.

Експлодирашe бомба во Основниот суд во Подгорица, загина маж

Во Основниот суд во Подгорица утрово е фрлена бомба. Како што неофицијално дознава порталот РТЦГ, има жртви и повредени.

Според првите информации од полицијата, едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот. Се претпоставува дека се работи за самоубиство, пишува RTCG.

Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.

На местото на настанот се екипи на Брза помош и полиција.

Vijesti.me неофицијално дознава дека триесет и деветгодишниот М.Б. активирал рачна бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица.

Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко.

Популарно