(Видео) Најмалиот автомобил на светот чини 11.700 евра

„Пил П50“ е „екстремно мал“ автомобил којшто на многумина веројатно им е познат од автомобилската емисија „Топ гир“ на Џереми Кларксон.

Со должина од 137 сантиметри и ширина од 99 цм, овој автомобил е без конкуренција по малите димензии. Замислено како најмалото можно моторизирано возило што може да превезува едно лице и една торба, не доживеа успех на пазарот.

Беа произведени само 47 примероци, а се вели дека само 30 останале цели до денес. Има повеќе понуди и верзии на овој „минијатурен“ автомобил, но цената почнува од 10.379 фунти, односно 11.700 евра, нагоре. Тоа, според познавачите, не е малку, но објаснувањето е доста интересно.

Има и Турбо-верзија со помоќен погон од 5,76 киловати што ја зголемува максималната брзина од 50 на 80 км/ч. Тука е и верзијата со бензински мотор со волумен од 49 – 125 кубика.

Оригиналната верзија имаше едноцилиндричен мотор со зафатнина од 50 кубни сантиметри, поврзан со менувач со три брзини, но без рикверц, така што можеше да се сврти наназад само ако излезете од автомобилот, го подигнете задниот дел и го свртите за 180 степени. Според наводите, сите примероци биле наменети за жителите на Островот Мен.

За склопување на вакво возило потребни се основни алатки и не повеќе од 50 часа работа. Ако сакате готов автомобил, цената е значително повисока – 15.700 евра.

ФОТО+ВИДЕО: Градите на Сораја и се поголеми од главата

Српската старлета Сораја Вичелиќ некое време се изолираше од јавноста и живееше мирен живот, но овој период таа повторно започна да лудува со што го изнасмеа целиот регион.

Според нејзиниот профил на Инстаграм може да се заклучи дека многу ретко објавува исти фотографии на кои позира со брдо кеси од познати брендови, но овој пат сподели речиси слични фотографии, но погрешно фотошопирани.

Таа се фотографираше со „Луј Витон“ кеси покажувајќи им на сите во каков раскош ужива, но она што фановите го забележаа е тоа дека таа повеќе не личи на човечко битие.

Градите и станале поголеми од главата, а користењето на фотошоп ги замисли фановите дали гледаат во кукла или во човек.

Коментарите се ретко позитивни под нејзините фотографии, но тоа до неа не допира бидејќи таа си го ужива својот сон.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🐙

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💫💋

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💋

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

ВИДЕО: Два грома удриле во руски автомобил

Жена од Русија за чудо останала неповредена откако скоро истовремено два грома удриле во нејзиниот џип.

Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камера на возило кое се движело зад возилото на жената и се приближувало на семфарото во Новосибирска. Моторот на „тојотата“ веднаш запрел, а без оглед на силниот удар и искрите возилото не се запалило.

„На момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се се случи многу брзо“, раскажала Галина Ершова, која била во возилото.

Никој од возачите наоколу не запреле после ударот, но за среќа ни патниците ни жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крајот го одвлекла шлеп-службата.

Видео: Ова ти се вика „милениче“

Жител на БиХ од Груде наишол на поскок за време на неговата прошетка, па одлучил да го фати и да го однесе дома, пишува “Дневни Аваз”.  Младен Иличиќ изјавува:

– Случајно го пронајдов ова шише, бидејќи несовесните граѓани ѓубре фрлаат каде ќе стигнат, па ја таив змијата и ја затворив во него, раскажува Иличиќ, кој потврди дека поскокот е сега негов домашен миленик.

– Змијата е кај мене и ја хранам со инсекти.

Популарно