Ковачевски: Од анализите на Министерството за економија зависи дали ќе има други производи со замрзнати цени

Цената на кој следен производ ќе биде замрзната зависи од анализата во Министерството за економија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. 

-Кој производ ќе биде со замрзната цена ќе зависи од анализите што се прават во Миниустерството за економија. Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема да донесе одлука, рече Ковачески. 

Дел од новинарското прашање за Ковачевски содржеше и констатација дека и првиот човек на Северна Кореја исто така бил во обиколка на продавниците да ги види цените, на што премиерот регираше и рече прашањето не е на место и дека доколку новинарот е во Северна Кореја нема да може ни прашање да постави.  

-Сметам дека воопшто не ви е на место констатацијата дека во однос на тоа дека претседател на Влада оди да провери какви се цените на производите кои што се со одлука замрзнати од страна на Владата и навистина нема да одговарам на вашата констатација бидејќи да сте во Северна Кореја вие нема да можете ни прашање да поставите, рече Ковачевски.

Од 28 февруари е замрзната цената на белиот и полубелиот леб, од 16 март на дел од тестенините и млечните производи, а од вчера и на оризот и на јацата. Министерството за земјоделство веќе подготви анализа и за цените на овошјето и зеленчукот, а  одлуката ќе ја носи Министерството за економија согласно со Законот за трговија. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно