Пукање во Капиштец ги разбуди утрово скопјани

Утрово околу осум часот жителите на скопската населба Капиштец во близина на локацијата позната како Млечен ресторан биле разбудени и вознемирени од пукотници. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МКД.мк го потврдија случајот. Детали најавуваат за подоцна во текот на денот.

Според информациите на МКД.мк пукотницата се случила пред казино околу кое има и многу други дуќани во кои жителите од овој дел на Скопје токму рано наутро одат да ги испазарат секојдневните намирници.

Од МВР го потврдија случајот. Оттаму велат дека нешто после осум часот било пријавено пукање во близина на Млечниот ресторан и дека полициски екипи се веќе на терен. Се работи на откривање на детали што точно се случило.

Повеќе детали за утринските пукотници највуваат за подоцна во текот на денот

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно