(Фото) 42 годишната Беквалац се појави во провиден фустан и минијатурна танга во клубот „Минт“ во Загреб

Фолк-пејачката Наташа Беквалац (42) тресеше со колковите во средата вечерта во загрепскиот клуб „Минт“. Српската пејачка до зори ги пееше најголемите хитови како „Никотин“, „Поново“, „Није за мене“…

Беквалац настапи во проѕирен фустан со кристали, под кој носеше црн градник и танга. Пејачката со задоволство го сврте грбот кон публиката и со својата фигура воодушеви многумина во клубот.

Во еден момент обожавателите ја почестија жедната пејачка со виски. Додека Наташа пеела, клекнала за да ја земе чашата.

На сцената и се придружи Санди Ценов (54). Заедно го отпеаа хитот на Дино Мерлин и Весна Змијанац, „Кад замиришу јорговани“.

(Видео) Теодора се огласи за нејзиниот порно-аудио скандал

Теодора Џехверовиќ ја допре актуелната тема во Амиџи шоу, кога беше вмешана во порно-аудио скандал, на кој наводно се слуша нејзиниот глас. Таа одговори на прашањето на водителот, но повторно ниту ги потврдила, ниту ги демантирала натписите.

-Во оваа прилика се огласувам за прв и последен пат. Може да има две вистини, дека некој сето тоа го наместил и дека не сум јас, а другата е дека некој ме снимал. Без оглед на вистината, тоа е катастрофа. Ова може да му се случи на секого. Ништо не потврдив. Не можам да верувам дека не добив поддршка од жените, а тоа навистина ме повреди. Го прифатив тој потсмев. На овој начин би сакала да и се заблагодарам на личноста која ми го направи ова бидејќи сега всушност сфатив колку сум силна, рече таа.

„Злосторство е тоа што ми беше направено. Лицето што го објави ова може да оди во затвор. Каде пишува дека треба да бидам жртва на такви работи бидејќи сум јавна личност?“, изјави Теодора.

(Фото) Луна Џогани ги прекрсти нозете, па ги „наслика“ гледачите

Луна Џогани неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста поради гласините дека нејзиниот брак со Марко Миљковиќ е на стаклени нозе, а сега за прв пат реши јавно да излезе и да проговори за гласините, но нејзиниот предизвикувачки стајлинг го привлече вниманието.

Имено, Луна за оваа пригода се одлучи за предизвикувачка комбинација во која ја истакна својата „извајана“ фигура. Меѓутоа, Луна имаше големи проблеми со здолништето, кое и беше многу немирно, а таа едвај го контролираше.

Во еден момент додека зборувала и се кренало здолништето, така што ѝ се видоа гаќичките.

(Видео) Навивачка на Арсенал се појави гола на „Емирати“

Арсенал во последното коло од Премиерлигата славеше убедливо против Вулверхемптон, а убедливиот триумф го прослави атрактивната навивачка Арабела Миа.

Миа се појави на „Емирати“ без облека, односно нејзиното тело беше покриено со боја и личеше на дресот на Арсенал, па ретко кој забележа дека всушност таа е гола.

Популарно