(Видео) Се бара атрактивна девојка, која завела маж во кафуле и му украла 600.000 долари

Полицијата во Мајами објави видео од оскудно облечена жена во нејзините 30-ти години во лифт за која велат дека дрогирала маж во неговиот стан, а потоа му украла накит вреден 600.000 долари, пишува New York Post.

Бараат помош од граѓаните во потрагата по крадецот, која меѓу другото украл два ролекса од станот на маж што го запознала претходниот ден.

Откако го запознала мажот во кафулето The Dirty Rabbit во Вајнвуд на 8 мај, тој ја поканил во својот стан во раните утрински часови, околу 5:30 часот. Веднаш штом стигнале во станот му ставила дрога во пијалокот, информираат од полицијата.

Мажот се онесвестил набргу откако се напил.

Дека е ограбен, сфатил дури околу пладне кога се разбудил. Сефот бил отворен од кој исчезнал целиот накит. Исчезнала и жената со која се сретнал во зората.

Меѓу скапите предмети што ги однела жената биле Rolex Daytona Rainbow со дијаманти и Rolex Sky-Dweller. Таа украла и златен синџир, златни Франко алки, очила за сонце Картие и прстен од розово злато, извести полицијата.

Полицијата се обидува да ѝ влезе во трага на жената врз основа на снимката од надзорната камера во лифтот на зградата во која живее ограбениот. Таа била прикажана во лифтот кога таа и мажот од кафулето доаѓале во неговиот стан и повторно кога излегувала од неговиот стан.

Додека набрзина излегува, во раката држи чаша Соло.

– Можеби мислите дека таа само излегува со шолја. Таа има чаша во раката бидејќи на неа е нејзината ДНК. И неговата ДНК, но и дрогата што ја ставила внатре, изјави полицаецот Мајкл Вега, портпарол на полициската управа во Мајами, пишува New York Post.

(Фото) Деми Роуз уште еднаш докажа зошто важи за „кралица на облините“

Британскиот модел Деми Роуз уште еднаш покажа зошто ја носи титулата „Кралица на облините“. Имено таа се сочнше топлес, па фотографијата ја објави на Инстаграм.

„Фати ме ако можеш... работам намојот тен“ напиша Роуз, а нејзините фанови зибезумени коментираа дека гори од сексапил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Rose (@demirose)

(Фото) Џенифер Лопез „го заслепува светот“ со својот изглед и на 52 години

Џенифер Лопез „го заслепи светот“ со својот сјај на овогодинешниот Филмски фестивал во Венеција. На промоцијата на филмот „The Last Duel“, се појави со својот партнер Бен Афлек.

Ова е нивно прво појавување на црвениот тепих по обновувањето на нивната романса. Жорж Хобеика беше нејзиниот избор за облека за премиерата на филмот, но нејзиниот стајлинг беше надополнет со накит од Картие и сребрени сандали од Џими Чу.

Погледнете како парот „ги крадеше погледите“ на присутните.

(Фото + Видео) Хајди Клум позира топлес на плажа

Манекенката и водителка Хајди Клум често споделува фотографии и кадри од приватниот живот, најчесто предизвикувачки и интимни, па на Инстаграм повторно сподели видео на кое до израз доаѓа целото нејзино тело.

Манекенката носеше само минијатурно бикини.

Уште една летна комбинација предизвика многу лајкови, а доколку не ги исклучеше коментарите веројатно ќе знаевме што мислат нејзините следбеници за нејзиното совршено тело.

На видеото манекенката седи со раширени нозе и се наведнува наназад за да не и се гледа лицето.

Нејзиното меѓуножје е во преден план, бидејќи мобилниот го ставила меѓу раширените нозе.

Овие нејзини фотографии и снимки се само за полнолетни лица.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Популарно