(Видео) Фрлен солзавец, се слушаат рафали, Вучиќ ја подигна борбената готовност на војската

Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто пред 14 часот издаде наредба до Армијата да ја подигне борбената готовност на највисоко ниво и од тој момент Армијата започна со активности. Наредено е итно движење кон административната линија со Косово, изјави министерот за одбрана Милош Вучевиќ за ТВ Пинк во живо од центарот на Белград.

Нови тензии денеска избувнаа во северниот дел на Косово, јавуваат српските медиуми. Во Звечан дошло до судир меѓу насобраните граѓани и косовската полиција, а се слушнале и истрели. Било запалено полициско возило и биле фрлени шок-бомби, јавува РТС, пренесува Н1. Околу 11 часот се огласиле сирените за тревога во Лепосавиќ, Косовска Митровица и Зубин Поток.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто пред 14 часот издаде наредба до Армијата да ја подигне борбената готовност на највисоко ниво и од тој момент Армијата започна со активности. Наредено е итно движење кон административната линија со Косово“, изјави министерот за одбрана Милош Вучевиќ за ТВ Пинк во живо од центарот на Белград.

Тој предупреди дека настаните на северот на Косово, каде што владата во Приштина ги презеде зградите на локалните самоуправи, не се игра туку ја загрозуваат безбедноста на сите во регионот.

Како што нагласи Вучевиќ, армијата апсолутно ќе ја исполни наредбата на Вучиќ и ќе го брани суверенитетот на Србија и правото на живот на сите нејзини граѓани.

„Јасно е дека се врши терор врз српската заедница на Косово“, заклучи Вучевиќ.

Луѓето се собраа пред зградата на општина Звечан и, како што претходно јави репортерот на радио „Контакт плус“, со телата го блокираат влезот. РТС јавува дека се вклучени вработените во тие институции.

Наставата на факултетите и во училиштата во Косовска Митровица е прекината. РТС јавува и дека на патиштата во Лепосавиќ се поставени барикади, како и дека на тоа место се појавиле оклопни возила.

Извори на РТС во Зубин Поток рекле дека специјалните сили имале намера да „закачат сино-жолто знаме, што ја симболизира државноста на Косово“ на општинската зграда, во која е сместено и Привременото општинско тело на Владата на Србија.

Во Лепосавиќ, откако се огласиле сирените, на главниот плоштад пред општината се собрале голем број граѓани, кои по најавата за пристигнување на специјалци го блокирале сообраќајот на главната улица од двете страни на приодот кон општинска зграда со камиони.

Косовската полиција соопшти дека им помага на новоизбраните градоначалници да го остварат правото на работа во официјални општински згради, јавува РТС.

Во полициското соопштение се наведува дека полицијата согласно законските и уставните овластувања презема мерки за безбедност, ред и јавна безбедност.

Сирените, вели, прво се слушнале во Зубин Поток, а граѓаните, како што информира, добиле информација дека новоименуваниот градоначалник побарал интервенција на полицијата за да влезе во зградата на општината во Зубин Поток. Потоа се слушнале сирени во Лепосавиќ и Звечан, а и на тие места почнале да се собираат граѓани.

Додека граѓаните на северот на Косово најмногу стојат пред општинските згради, недалеку од нив има и припадници на ЕУЛЕКС, КФОР и на косовската полиција.

Новите претседатели на општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ вчера положија заклетва и ја презедоа својата должност како први претседатели од албанска националност од формирањето на структурите на локалната власт во овие области под покровителство на владата во Приштина.

Локалните избори во четири општини на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан се одржаа на 23 април. Србите, кои се мнозинство, ги бојкотираа, па од над 45 000 граѓани со право на глас, излегоа само 1 567 гласачи или 3,47 отсто. Официјален Белград не ги признава резултатите од одржаните избори, за кои вели дека се антидемократски и нелегитимни.

Патникот имал билет, екипажот ги прекршил правилата

36-годишниот Андонис Кариотис, загина синоќа во бизарна несреќа кога членовите на екипажот на траектот „Блу хоризонт“ го турнаа во морето во Пиреја. Неговиот брат Никос Кариотис во реакцијата што ја пренесуваат грчките медиуми, изрази шокираност и не може да поверува дека Антонис исчезнал за неколку секунди на патувањето на кое често одел.

Тој за весникот Прототема открива дека неговиот брат извадил билет за кобното патување, но задоцнил при пристигнувањето на пристаништето.

-Не би одел без билет. Имаше билет и доцнеше. Како што разбрав, задоцнил на пристаништето и не го пуштале на траектот. Замина на одмор во Атина. Често патуваше, со години одеше на прошетка во Атина да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Тој работеше овде, на Агиос Николаос – вели братот на 36-годишниот патник што загина синоќа.

Според првичните информации, мажот имал билет за траектот што патувал од Атина за Ираклион на Крит, но задоцнил и усеал да се качи во последен момент кога траектот го напуштал пристаништето, но тогаш бил брутално турнат од луѓето од екипажот во морето од акде подоцна е изваден мртов.

Инцидентот на траектот во Атина бил снимен од еден од патниците. На видеото се гледа како 36-годишниот маж се обидува да се качи на бродот и успева да скокне на рампата непосредно пред поаѓањето на траектот по што влегува во физичка пресметка со двајца мажи од екипажот и паѓа во морето во моментот кога траектот веќе го напушта пристаништето.

Четворица членови на екипажот се уапсени и обвинети за убиство од небрежност, а денеска ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

-По трагичниот настан, не се преземени никакви планирани дејства за спасување на лицето што падна во морето. Во никој случај не фрлајте човек во морето кога ќе се качи на бродот, дури и да е бегалец. Одговорноста е целосно кај луѓето што биле на рампата, кои очигледно го турнале. Кога го виделе во морето, не ги почитувале пропишаните процедури за негово спасување. На брод што веќе плови никого не туркате назад и, дефинитивно, го известувате капетанот да го прекине процесот на пловење. Имаме процедура, вели во изјава за грчките медиуми, искусниот капетан Сидерис Мамидис.

ХЕРОЈ: Маж истрча од кола и му го спаси животот на момче кое се гушеше

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче кое се враќало од лекар во Обреновац, кое било покрај себе кога на детето среде возење и се слошило. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

– Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој – рече Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на бебето сега му оди добро.

– Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици – потврди јунакот Марко, кој го легна детето на тревата за да го спаси.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се се завршило добро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Популарно