Маж загина во тешка сообраќајка на патот Штип - Кочани

На 29.05.2023 во 12.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(62) од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(41) од с.Будинарци, беровско.

На местото на несреќата починал возачот З.Ѓ., додека Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Д.Ц.(24) од Берово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно