Ова е идеалната разлика во години ако сакате успешна врска

Според ново истражување разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу двајца луѓе.

Врските во кои една личност е значително помлада или постара сè уште предизвикуваат контроверзии, а има многу примери на славни парови кои сведочат за тоа.

Иако секогаш има исклучоци, истражувањето спроведено од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите за прекин на врската. 

Истражувањето, кое опфатило 3.000 испитаници, покажало дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние што ги сочинуваат партнери на иста возраст.

39 отсто шанси за разделба имаат парови со 10-годишна разлика во возраста.

За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да раскинат.

Научниците веруваат дека најмали шанси да раскинат имаат парови со разлика од само една година, односно само три проценти.

Надминете ги овие фази и љубовта ќе трае засекогаш

Добриот брак значи работа на себе, толеранција и компромис. Сите имаат проблеми и недоразбирања во бракот, но понекогаш се чувствувате како да е најлесно да се откажете.

Но, доколку сте ги надминале следниве неколку наведени непријатни фази, вашиот брак веројатно ќе трае засекогаш.

Критикување

Критиката може да биде добра работа, но партнерот понекогаш може да се чувствува како да го напаѓате и тоа може да стане голем проблем, посебно ако сте в брак. Критикувањето на висок тон укажува дека со него нешто не е в ред, па тој ќе почне да се брани, што може да доведе до огромна караница. Стручните лица советуваат укажувањето на туѓите грешки да биде со што поблаг и посмирен тон.

Давање отпор

Повеќето од нас имале мигови кога партнерот почнал „да гради ѕид“ и не сакал да разговара за да се реши некој проблем. Понекогаш тоа може да го доживеете како да Ве игнорира.

Психологот Џон Готман смета дека 80 отсто од мажите го прават тоа. Изгледа како ништо да не го мачи, но однатре – хаос. Така, ако треба да разговарате за проблем, одберете го вистинскиот миг – кога тој е посмирен и подготвен за разговор.

Ве привлекува некој друг?

Дури 70 отсто од мажените жени признаваат дека во одреден период ги привлекувал друг маж. Тоа е сосема нормално и не значи дека ќе извршите прељуба. Важно е да не реагирате на тие чувства и бидете свесни за она што правите.

Не се оддалечувајте од партнерот само затоа што во тој миг сте збунети. Во животот има многу искушенија, но довербата е една од највредните нешта во врската и тоа не треба да го прокоцкате и изгубите.

Презир и нетрпеливост

Било да се работи за саркастични коментари, превртување очи или зајадливо исмевање, ваквото однесување може да биде уништувачко за кој било однос. Работете на себе си и настојувајте кон партнерот да покажувате повеќе разбирање и љубов.

Размислувате да си заминете од сѐ

Деца, финансиска криза, „токсични членови“ на семејството можат да ве доведат до лудило. Се чувствувате како да не припаѓате таму и тогаш сѐ што сакате е да заминете и повеќе да не се вратите. Оваа фаза може да се случи во кој било период од бракот. Но, тоа е само моментно расположение во вашиот живот и ако заедно со партнерот работите на тој проблем, брзо ќе ја надминете таа криза. Бракот значи споделување на среќата, но и на проблемите.

Прифаќање и простување

Ова е фаза кога сфаќаме дека не може импулсивно да ги решаваме проблемите, како во врската. Кога ќе бидете подготвени да му ја простите на сопружникот неговата тврдоглавост и ги прифатите неговите добри и лоши страни, тогаш е сигурно дека вашиот брак ќе трае засекогаш.

По надминувањето на сиве овие фази и стекнатото искуство, вашиот однос и бракот воопшто, ќе бидат поцврсти. Кавгите ќе бидат поретки, а проблемите ќе се решаваат со брз договор. Со поголема доверба, и двајцата ќе се чувствувате посигурно.

Три работи ги прават мажите љубоморни

Иако жените почесто изразуваат љубомора, тоа не значи дека мажите се имуни. Разликата е само во тоа кој на што ќе реагира.

И кој од што ќе се чувствува загрозен. Сепак, мажите обично добро го кријат тоа.

Доколку некогаш сте се запрашале, ова се работите кои најмногу ги мачат:

Машки пријатели

Колку и да велат дека не им пречи, на повеќето мажи едноставно не им се допаѓа кога премногу се дружите со машки пријатели. Не е дека не ти веруваат, туку дека не им веруваат на мажите, барем така ќе ти кажат.

Поранешни партнери

Особено ако имаме нешто убаво да кажеме за нив. Иако сегашниот дечко обично нема причина да се грижи за поранешното момче, љубомората е едноставно посилна од него.

Внимание на социјалните мрежи

Одамна е познато дека просечната жена добива многу повеќе лајкови и коментари за обична слика од просечниот маж. Помалку е познато дека на просечниот маж му пречи вниманието што таа го добива, а уште помалку дека тоа му пречи затоа што го прави да се чувствува запоставен.

Оваа храна треба да ја јадете пред да водите љубов

Здравјето доаѓа од устата, но изгледа истото важи и за сексуалната желба. Некои намирници можат целосно да не „спуштат“, па не сакаме да се движиме, но некои можат целосно да не „подигнат“ и да ни ја зголемат сексуалната желба. Еве која храна го прави тоа.

Чоколадо

Кога одите да се видите со вашето момче или девојка или ако планирате жешка ноќ со партнерот, купете чоколадо. Кога ќе се засладите, вашето тело ќе ослободи серотонин, хормонот на среќата и затоа ќе ви се подобри расположението и ќе почувствувате посилна сексуална желба.

Лубеница

Додека сè уште има лубеници на пазарите, побрзајте. Ова сочно овошје е богато со амино киселини наречени цитрулин. Вашето тело ги претвора во аргинин, друга аминокиселина која му помага на вашето тело да ги релаксира крвните садови.

Авокадо

Ова овошје содржи масти и влакна кои се здрави за срцето, но и ви дава дополнителна енергија која ќе ви биде потребна во спалната соба. Во авокадото има и витамин Б6, а експертите велат дека овој витамин ги ублажува симптомите на ПМС како замор, надуеност и мрморење. Сето ова може да им помогне на жените да имаат одличен секс дури и во периодот на ПМС, иако многу луѓе не размислуваат за секс во овој период.

Калинка

Калинката е симбол на плодноста и афродизијак. Плод на боговите. Истражувањата покажаа дека калинката го подига расположението и го зголемува нивото на тестостерон.

Спанаќ

Зелените листови спанаќ се богати со магнезиум, минерал кој го зголемува нивото на тестостерон. Спанаќот содржи и железо, кое може да ја зголеми сексуалната желба, возбудата, да доведе до посилен оргазам и уживање во сексот. Ова особено се однесува на жените.

Јагоди

Со шлаг, потопена во чоколадо, со шампањ – јагодите се симбол на љубовта и романтиката. Но, високото ниво на витамин Ц, кој го содржат јагодите и како тој ја зголемува сексуалната желба и протокот на крв во телото. Јагодите исто така го намалуваат стресот и анксиозноста и му помагаат на телото да го ослободи окситоцинот, познат како хормонот „љубов“.

Мака

Растението мака расте во планините на Перу и се користи за подобрување на плодноста. Научниците откриле дека неговиот корен ја зголемува сексуалната желба. Фитонутриентите од ова растение можат да го зголемат бројот на сперматозоиди и да ја подобрат сексуалната функција. Коренот на мака се продава во форма на прав, па можете да го додадете во јогурт, сокови, салати, супи или тесто.

Остриги

Цинкот, кој се наоѓа во значителни количини во остригите, му помага на телото да создаде тестостерон. Овој хормон игра голема улога кога станува збор за сексуалната желба. Но, цинкот помага и за производство на повеќе сперматозоиди во машкото тело, но и за побрзо движење на сперматозоидите. Доколку не сте љубител на „морската храна“, одете на свинско, говедско, семки од тиква, индиски ореви и јогурт.

Популарно