Холивуд се плаши од вештачката интелигенција

Иднината на Холивуд личи на „дипфејк“ или лажен Рајан Рејнолдс, кој ви продава електричен автомобил „тесла“.

Во видео, кое веќе е отстрането, но се споделува на „Твитер“, актерот со дебели очила со црни рамки, чија уста се движи независно од неговото лице, зборува за електричните возила: „Што мислите, колку би чинело да поседувате ваков автомобил, кој изгледа проклето неверојатно?“

На скалата на веродостојност видеото што првично се појави во мај беше означено како неавтентично. Тогаш неговиот креатор, јутјуберот и финансиски советник Кевин Пафрат, откри дека тоа го направил како трик за да го привлече вниманието на Илон Маск, што всушност и се случи: извршниот директор на „Тесла“ одговори на твитот на Пафрат: „Убаво“.

На други профили на „Твитер“ луѓето бараа од актерот Рејнолдс да поднесе тужба. Наместо тоа, неговата продукциска куќа одговори со слично откачено видео во кое Маск (со седа коса) го фали џинот направен од „Авиешн“, компанија во која Рејнолдс е косопственик. И тоа видео оттогаш е избришано.

„Финансиски советник го поддржува Маск на ‘Твитер’“ е далеку од ударна вест, но оваа комуникација укажува на многу поголем проблем: вештачката интелигенција (AI) им овозможува на сите да лажираат познати лица. А актерите, пак, стануваат сè посвесни за можноста оваа технолгија да почне да задира во нивната работа.

Тешко е дури и да се замисли каде ќе биде AI за три години, предупредуваат познавачите на оваа проблематика.

Со оглед на тоа што Здружението на американските писатели веќе штрајкува, делумно поради слична закана, во претстојните преговори меѓу Синдикатот на актерите и филмските студија, најверојатно, ќе се спомнат лажниот Брус Вилис и лажниот Рајан Рејнолдс како најнови чекори кон иднината во која доминира вештачката интелигенција.

Помпата за технологијата значи дека таа ќе биде во центарот на разговорите, особено имајќи предвид дека договорот се преговара само еднаш на секои три години, објаснува Данкан Кребтри-Ајрленд, главен преговарач за актерскиот еснаф (САГ) и Федерацијата на телевизиските и радиските уметници (САГ-АФТРА).

„Со оглед на тоа колку напреднала вештачката интелигенција во последните 18 месеци, тешко е дури и да се замисли каде ќе биде за три години“, вели Кребтри-Ајрленд.

Во писмото во кое ги повикува своите членови да го одобрат штрајкот, актерскиот еснаф (САГ) наведува дека бара договор што ќе ги заштити членовите од губење приход „поради нерегулирана употреба на генеративна вештачка интелигенција“.

Крајниот рок е вторник, 6 јуни, а на 7 јуни САГ-АФТРА почнува преговори со Алијансата на филмските и телевизиските продуценти (AMPTP), која ги претставува студијата. Ако актерите се решат на штрајк, тоа би било првпат од 2000 година.

Дензел Вашингтон откри која улога му била најтешка: „Никогаш не би ја повторил“

Дензел Вашингтон се смета за еден од најбараните актери во Холивуд и добива понуди за продолженија на неговите филмови. Меѓутоа тој неодамна откри која улога никогаш не би сакал да ја повтори.

Вашингтон изјави дека една од најпредизвикувачките улоги во неговата кариера била улогата на поранешниот боксер Рубин „Hurricane“ Картер во биографската спортска драма „The Hurricane“.

Познато е дека Рубин Картер бил боксер во средна категорија кој во 1967 година бил неправедно осуден на доживотен затвор за убиство кое не го извршил. Тој со години тврдеше дека е невин, но сепак беше обвинет и помина 20 години во затвор. Многу познати луѓе како Мухамед Али, Боб Дилан се залагаа за негово ослободување.

По 20 години затвор, Картер беше ослободен и се пресели во Канада, а животот го посвети на активизам во организациите кои се залагаат за укинување на смртната казна и неправедно осудените затвореници.

Актерот Дензел Вашингтон изјави дека оваа улога на боксер му била исклучително напорна и дека одлучил дека никогаш повеќе нема да прифаќа такви улоги.

„Бев со Мајкл Спинкс, поранешниот шампион во полутешка категорија, подготвувајќи се за филмот „The Hurricane“. Поради мојата улога, морав многу да вежбам и со текот на времето станав побавен и добивав главоболки. Мајкл ми рече дека ќе се навикнам на тоа, но потоа престанав и решив дека не сакам да се навикнувам на такви работи“.

Во текот на подготовките за улогата, тој мораше да тренира како боксер, да јаде и да изгледа како боксер за да биде што е можно поубедлив во рингот. Улогата на Рубин Картер му донесе номинација за Оскар, но тој одлучи дека никогаш повеќе нема да глуми боксер.

Според „Far Out“, Вашингтон пред филмот рекреативно се занимавал со бокс, но се откажал од него по завршувањето на снимањето на овој филм.

ВИДЕО: Ова е убедливо најнавредливата ТВ серија на сите времиња

Повеќе од стотина илјади гледачи на различна годишна возраст учествуваа во истражувањето на Senior Living за тоа која телевизиска серија ја сметаат како најнавредлива.

Во истражувањето учествуваа припадниците на така наречените генерации "baby boomers", "X generations", "Millenials" и "Z generations". Се покажа дека најмногу ги навредува гледањето на сексуално насилство на ТВ, потоа шегите за лицата со инвалидитет, а потоа расистички шеги. Како најнавредена група на гледачи се покажаа "Baby Boomers", односно генерацијата родена помеѓу 1946 и 1964 година.

За најнавредливо ТВ шоу некогаш прикажано на телевизија е South Park со дури 30,7 %. На второто место се најде Family Guy со 10,5 %, а на трето место е Jerry Springer со7,1 %.

Во топ пет се најде и американскиот стиком All in the Family и хумористичната серија Married with Children.

Најнавредлив ТВ лик е Ерик Картман од South Park со 18,7 гласови, потоа Арчи Банкер од All in the Family so 14,5 %. Третото место го зазеде Питер Грифин од Family Guy, а четвртото место е за Розен од истоимената серија. Интересно е дека на шестото место се најде американскиот претседател Доналд Трамп.

Сите турски актерки се плашат од неа

Ѕвездите на турските серии се омилени во регионот, но малкумина го знаат приватниот живот кој го кријат.

Една од актерките кои се најпопуларни и прогласена за најубава жена е Туба, која ја гледавме како Аси во серијата на Сител.

Туба има бурен живот и сите актерки се плашат од неа, поради тоа што таа заведува зафатени мажи. Имено, таа го заведе сопругот на Ајшеѓул од Мојот син, по што актерката тргна да ги бара и направи сообраќајка.

Туба ја прекина и својата веридба и за време на снимањето на серијата која ја гледавме на Сител, се забавуваше со актерот, Онур од истата серија.

Во 2012 роди близнаци, ама двајцата се разделија.

Сега има ново момче.

Популарно