Пет видови алкохол што ја уништуваат кожата

Покрај тоа што алкохолот им штети на тежината на организмот и на здравјето, тој не е без последици и за изгледот на кожата.

Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни последици, а меѓу нив, најлошо делува врз кожата.

Петте видови алкохол со негативни последици по кожата на луѓето:

Пиво – го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.

Бело вино – многу истражувања тврдат дека по една чаша вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешна студија на Универзитет Браун откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.

Црвено вино – природниот шеќер исто така придонесува за зголемено црвенило.

Рум и виски – предизвикуваат акни и водат до предвремено стареење на кожата.

Коктели – Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси кои се „катастрофални“ за кожата.

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк

Нa интернет сѐ попопуларна е диетата со напиток којшто освен што може да помогне при губење тежина, т.е. го продолжува чувството на ситост и спречува претерана консумација, т.е. грицкање, а треба да се пие непосредно пред оброк, пренесува порталот „Кликс“. Се состои од чаша вода и лажица чија семе. Може да се додаде и парче лимон за вкус и дополнителни здравствени придобивки.

– Чија семето може да го спречи гладот ​​бидејќи му треба подолго време за варење во организмот. Тоа може да помогне во намалување на гладот ​​и спречување на прејадувањето, вели диететичарката и нутриционистка д-р Тара Колингвуд. 

Препораката гласи: Пиење чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброкот.

Чија семето се користело во исхраната уште од времето на Ацтеките, а се верува дека тоа било храна на воините. Лажица чија додадена во вода спречува прејадување, го подобрува варењето и здравјето на цревата и го потиснува гладот. Поради влакната, тоа помага за подолго чувство на ситост, коешто го намалува внесот на храна.

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Вработуваме техничар за маникир и педикир со полно работно време.

[☑️] ️ познавање на маникир и педикир

[✅️] нето плата над 25.000 ден.

[✅️] платен одмор, бонуси и K-15

[✅️] неработни денови - недела и празници

[☎️] 075444961

[☎️] 078873703

[📧] [email protected]

Популарно