4 начини за фазата на „меден месец“ во вашата врска да трае подолго

Според истражувањето на психолозите, брачните парови имаат тенденција да искусат нешто што се нарекува „двегодишен наплив на страст“, ​​што е познато како „фаза на меден месец“.

Ова е обично време кога привлечноста помеѓу двајца луѓе го достигнува својот врв и кога парот практично не може да се засити еден од друг.

Но, дали тој период навистина трае само две години?

Истражувањето на психологот Соња Љубомирски од Универзитетот Риверсајд во Калифорнија откри дека по излив на жешка страст, жешката љубов се претвора во нешто поинаква врска. Имено, има продлабочување на чувствата на наклонетост и сочувство, но недостига тоа попримарно чувство на привлечност и поврзаност, без кое страста не може да напредува.

За жал, премногу парови денес имаат проблеми во врската бидејќи нивната страст изумрела. Во исто време, од незадоволителна или ретка интимност, може да се појави огорченост, или досада во врската. Тука се појавува прекумерна раздразливост, а врската може да стане тензична или плитка. Еден или двајцата партнери би можеле да го бараат она што им недостасува надвор од бракот.

Со други зборови, кога страста умира, со неа умира и самото срце на врската.

Добрата вест е дека е можно да се зачуваат страста и искрата во врската, а според истражувањето објавено од Your Tango, еве четири начини како фазата на меден месец да трае вечно.

1. Преиспитајте ги вашите верувања

Само затоа што две години се вообичаеното време за страст во нова врска, тоа не значи дека треба да биде така. Многу парови влегуваат во врска или брак со страв дека страста ќе изумре, а тоа изгледа неизбежно.

Можеби сте виделе дека искрата изгаснува кај други парови, сте читале написи или студии кои ве уверуваат дека е невозможно да се чувствувате возбудено и свежо во вашата врска како на почетокот, и затоа сте се препуштиле на верувањето дека тоа ќе ви се случи вам и на вашиот партнер.

Но, како можете да знаете што ќе се случи во вашата врска? Затоа, дури и кога мислите дека страста неизбежно ќе умре, застанете и поставете си го прашањето: „Дали навистина можам да знам дали ќе биде така и кај нас?“

2. Отстранете ги блокаторите на страста

Добар начин за одржување на страста во животот е да разберете што ѝ стои на патот. Кои се навиките, вашите и на вашиот сопружник, со кои ја прекинувате огнената врска?

Блокатор на страста во вашата врска може да биде и начинот на кој се договарате еден со друг, вашата преокупација со други работи или колку малку време поминувате заедно. Или, можеби нешто сосема друго.

Без да покажувате со прст, погледнете искрено на вообичаените начини на кои вие и вашиот партнер комуницирате едни со други и откријте што конкретно ја намалува вашата страст. Следниот логичен чекор е да престанете да ги правите тие работи доколку сакате да научите како да направите фазата на „меден месец“ да трае подолго.

3. Повикајте повеќе страст

Како што почнувате да ги отстранувате блокадите, свесно повикајте повеќе страст.

Започнете со себе. Дали вашиот пристап кон животот стана рутина? Дали имате тенденција да ги правите работите на стариот и докажан начин наместо да експериментирате со нешто ново?

Не треба да исфрлите се што сакате и ви е удобно од секојдневието, туку отворете ја вратата за нови искуства и излезете од вашата комфорна зона. Овие чекори можат да бидат едноставни или порадикални. Тоа може да биде преземање ризици на работа, пробување ново хоби или активност, читање книга во различен жанр или слушање музика што никогаш претходно не сте ја слушале.

Поентата е да го оживеете вашиот живот и да се чувствувате свежо. Знајте дека не можете лесно да внесете повеќе страст во врската со партнерот доколку не се отворите.

Донесете свесна одлука да комуницирате со вашиот партнер на начин што ја поттикнува страста. Не мора секогаш да значи физичка страст. Можете заедно да ја споделите страста за реновирање на вашата бања. Таквата страст може позитивно да влијае на вашата страст во спалната соба.

4. Кога страста „напаѓа“, искористете ја максимално

Кога вие и вашиот сопружник споделувате страстен момент, препознајте го и уживајте во него.

Во долготрајна врска, најверојатно нема да поминувате цел ден заедно во кревет или да се чувствувате страсно привлечени еден кон друг секоја секунда од секој ден. И тоа е сосема во ред.

Но, само затоа што не чувствувате страст еден за друг во секое време – тоа не значи дека страста умира. Можеби ќе ја почувствувате страста додека се бакнувате или се држите за раце и додека заедно шетате низ паркот. Можеби ќе почувствувате страст кога ќе помислите на љубезен збор или комплимент кој партнерот ви го дал тоа утро пред работа.

Осветлете ги тие моменти на страст и навистина искористете ги максимално. Разговарајте за тие моменти и тоа ќе ви ја отвори вратата тие да станат се почести.

Четири грешки кои ги правиме на првите состаноци

Првите состаноци знаат да бидат заморни и да предизвикаат нервоза, а со себе носат и бројни прашања, што да облечете, што да кажете и како да се однесувате. Покрај тоа, дури и ако сте разговарале со оваа личност некое време, првите состаноци може да бидат непредвидливи.

Но, без оглед на сите неизвесности и нервози кои доаѓаат со првите состаноци, излегувањето е најдобриот начин да го запознаете вашиот иден партнер и е всушност неопходно.

Кои се четирите најголеми грешки што треба да ги знаете и избегнувате на првите состаноци?

Несвесност за вашите намери

Без разлика дали барате само да се забавувате или барате сериозна врска, обично е корисно да ги разберете вашите лични намери пред да одите на состанок за да имате продуктивен прв состанок со одредена личност.

– Важно е да знаете што барате пред да се забавувате за да можете да внимавате на работи кои не се совпаѓаат. Ако вашиот партнер бара нешто сериозно, а вие не барате, тоа би можело да биде знак дека двајцата не сте компатибилни во моментот. И обратно. Запознавањето бара заеднички напор за двете вклучени страни, па затоа е важно да бидете искрени со себе (и со вашиот партнер) за тоа каде се наоѓате во процесот на запознавање, вели советникот за ментално здравје Вал Окерај.

Запознавање со некој со кој веќе ви било непријатно

Првите состаноци се природно исполнети со нервоза, па затоа не би било во ваш најдобар интерес да излегувате со некој кој веќе ве натерал да се чувствувате нервозно и непријатно. Верувајте им на вашите инстинкти и бидете свесни кои сценарија прават да се чувствувате удобно или несигурно.

Го барате негативното

Избегнете го нагонот да се жалите. Запознавањето бара од вас да бидете отворени за запознавање нова личност, и иако некои работи можеби не се „правилни“ во вашите очи, тоа не значи дека тие генерално се погрешни и се целосно црвено знаме.

Веднаш отпишувате потенцијален партнер

Според Окерај, пред целосно да одлучите дека некој не е вистинскиот за вас, размислете да бидете отворени за втор состанок пред да избрзате со какви било заклучоци.

– Мислам дека е тешко добро да запознаете некого од само еден состанок (освен, се разбира, ако направи да се чувствувате непријатно). Би им дала најмалку два состанока пред да донесете одлука – вели таа.

Жените во овие хороскопски знаци се најдобри во кревет

Лав

Таа е доминантна господарка на која не смее да и се спротивставите. Страствена е и жестока во кревет, бара да биде освоена само од најдобриот. Често доведува двајца мажи до кавга заради неа. Инстинктивна е и знае да ги открие сите ерогени зони на партнерот. Театрална е и оригинална. Иако сака да доминира, фантазира за мажи кои се строги и доминантни во кревет.

Овен

Нејзиното либидо е секогаш незадоволено, но затоа секогаш знае точно што сака и бара. Недвосмислено иницира секс ако и е до тоа, а кога не и е – знае да одбие. Мажите ја обожаваат затоа што знае да провоцира, динамична е, но не и веруваат често затоа што е опкружена со многу машки „пријатели.“

Скорпија

Ова е жена која очигледно поседува вишок физичка енергија, па постојано прави нешто ново во креветот. Љубоморна е и посесивна, нетолерантна и инаетлива, но нејзините претчувства никогаш не ја лажат. Ова е атрактивна и храбра жена која има многу бујна фантазија и отровен јазик. Сака се што е пикантно, вклучувајќи ги и мажите кои знаат лутината и бесот да ги истурат во кревет.

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Популарно