Загина 42-годишник, откако со возило излетал од патот

На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Жена пронајдена почината во својот дом во Скопје

На 24.09.2023 во 20:45 во Полициската станица Бит Пазар, било пријавено дека во домот на подрачје на Бит Пазар била пронајдена почината А.Ф.(71) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Причина за злосторството е љубомора, но и користољубие – убиецот ја уценувал и барал пари од жртвата

Свирепо убиство утринава е извршено во Кочани. Како што пред малку објави телевизија Стар, заклана е 43 годишна жена. Според првичните информации 56 годишниот У.Р. пред домот ја убил 43 годишната Т.М.

Причина за злосторството е љубомора, но и користољубие на кое сега починатата одлучила да му стави крај.

– Лица кои се претставуваат како блиски на починатата, велат дека во изминатите 7 години, константно била уценувана за пари од убиецот. У.Р. ја уценувал сега починатата со компромитирачки материјал, поради што таа постојано му давала пари и подигнувала кредити. Откако финансиски била исцрпена, се одлучила случајот да го пријави во кочанското обвинителство, објави телевизијата.

Страшното убиство се случило на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани. Според првичните неофицијални информации, жителите од околните куќи околу 6:15 часот биле вознемирени од силни викотници. На улицата се случувала страшна тргедија, маж кој признал вина на несреќната жена и нанел 41 убод со нож, при што од задобиените повреди починала на самото место.

Потоа, го оставил безживотното тело за што сведочат фотографиите што ги доби Радио Кочани. Осомничениот без да се обиде да бега, ги сочекал полициските службеници, кои му ставиле лисици.

Случајот го потврди и Секторот за внатрешни работи Штип.

Прилеп: Почина дете по пад од дрво

 На 23.09.2023 во 17.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровја, прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, прилепско.

Притоа, со повреди се здобил и Н.А.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид, соопшти МВР.

Популарно