20-годишно момче загина во страотна сообраќајна несреќа

Дваесетгодишно момче од Облешево утрово почина како последица од тешките телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа на локалниот пат кон селото Бања.

Обидот да му биде укажана медицинска помош бил неуспешен, а лекарите во Општата болница во Кочани ја констатирале смртта.

-Утрово околу 5:48 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека 20-годишниот А.М. од Облешево, управувајќи патничко возило „поло“ со штипски регистарски ознаки, излетал од коловозот на локалниот патен правец Облешево – Бања. Тој бил пренесен во болницата во Кочани каде починал од здобиените повреди, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Во возилото немало сопатници, а екипа на Одделението за внатрешни работи од Кочани направила увид на местото на несреќата.

Ова е втора трагедија денеска што ја потресе Македонија. Како што информиравме претходно утрово, и 42-годишен маж го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. На патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот, при што возачот загинал на лице место.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно