Австралиец казнет со 1.400 евра оти сурфал со змија околу вратот

Во Австралија сурфер е казнет со 1.400 евра бидејќи бил забележан како сурфа сурфа со даска на морските бранови со питон околу вратот, објавија денеска тамошните медиуми.

Видеото од „бестрашниот“ сурфер со змијата на себе, снимено на познатиот австралиски Златен Брег – јужно од Бризбејн, предизвика бурни реакции. Надлежните го казниле престапникот со 2.322 австралиски долари (околу 1.400 евра).

„За да се изнесе питон вон домот, потребна е посебна дозвола“, соопштија властите.

Во Австралија на граѓаните им е дозволено да имаат питон за домашно милениче, но не и да го вадат надвор од живеалитето без соодветен повод и причина, особено не заради сурфање.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Овој ден ќе биде полн со предизвици за Овните. Ќе ви биде тешко да се справите со оние околу вас, но со поголемо разбирање и трпение од ваша страна, ќе успеете. Не се оптоварувајте со туѓи задачи, многу е можно да се соочите со неблагодарност.

БИК

Денот ќе ви биде динамичен, полн со настани и случувања како резултат на тоа. Вашата активност ќе се толерира и ќе ве одржува во добра форма. Извршувањето на конкретни задачи вклучува учество на други луѓе, што сугерира дека се можни спорови и конфликти. Потиснете ја агресијата доколку има знаци за неа и пронајдете го вистинскиот тон за плодна комуникација.

БЛИЗНАЦИ

Бидете прагматични и искористете го моментот, искористете ги околностите и ќе остварите корисни контакти за идните потфати. Енергијата што ја вложувате во работата ќе ви се врати повеќекратно. Со партнерите, ќе ги разгледате заедничките имплементации и начини за нивно спроведување.

РАК

Денот ќе ви биде богат со впечатоци и емоции. Вашиот обем на работа ќе биде тежок, затоа не преземајте туѓи задачи. Ограничете се во исполнувањето на обврските. Финансиските грижи наскоро ќе стивнат, со оглед на претстојната придобивка. Со задоволство ќе уживате во ситуација за која сте придонеле самите.

ЛАВ

Ќе се чувствувате во добра форма и непропустливи за надворешни влијанија, ќе постапувате според сопствената визија за нештата. Вашите патувања ќе бидат главно деловни и во повеќето случаи успешни. Бидете внимателни со вашите најблиски, повеќе охрабрувајте ги отколку што ги прекорувате.

ДЕВИЦА

Денешниот ден е полн со изненадувања, но некои од нив тешко дека ќе ве задоволат. Имате конкретни очекувања за работите што ви се случуваат, но денешните настани целосно ќе ги демантираат. Сепак, имате можност да жнеете успеси од новонастанатата ситуација, па не двоумете се да го сторите тоа. На личен план, правите чекор кон подобрување.

ВАГА

Веќе знаете дека добрите работи не се случуваат брзо. Ќе добиете можности да го проширите бизнисот, но мора да предвидите и загуби. Негувате надежи кои во најголем дел се блиску до реалноста. Односот со интимниот партнер се движи во насока во која посакувате.

ШКОРПИЈА

Вашите работни задачи ќе ви предочат низа тешкотии со кои треба да се справите. Не преземајте премногу активности одеднаш, подобро помалку, но завршени. Одвојте повеќе време за семејните и личните работи. Грижете се за вашиот изглед и направете ја вашата домашна средина повесела.

СТРЕЛЕЦ

Не ви недостасува самодоверба и тоа се покажува во квалитетот на вашата работа. Погрижете се и вие да бидете средени за да не мора да ги поправате работите подоцна. Немојте да бидете премногу критични кон вашите најблиски. Нивното мислење може да ви биде корисно, доколку секако не го отфрлите пред да го слушнете.

ЈАРЕЦ

Професионалните обврски ќе заземат голем дел од вашето внимание денеска. Ќе работите на реализација на вашите проекти, од нив ќе произлезат вашите финансиски успеси. Имаше и подобри денови за љубов. Од вас зависи дали вие и вашиот партнер ќе продолжите да гледате во иста насока. Направете сѐ што можете за да го задржите за себе.

ВОДОЛИЈА

Финансиските потреби ќе ве поттикнат да барате начини за дополнителен ангажман. Користете ги вашите контакти, повикајте ги вистинските луѓе и ќе бидете ангажирани, потиснувајќи ги вашите претензии. Ограничете го вашето трошење, но бидете дарежливи кон родителите. Вашиот трпелив став ќе се исплати.

РИБИ

Вашата работа денеска ќе биде плодна, без некои посебни изненадувања. Своите напори ги насочувате кон област во која немате големо искуство, но од друга страна имате резерви од енергија и желба да се справите со новите предизвици. Една таква ќе биде атрактивна личност која долго време не му избегала на вашето внимание. Шансите се на ваша страна.

(Фото) Наташа Беквалац слави роденден, ова е доказ дека годините се само бројка!

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац со години е дел од јавната сцена, а низ годините е позната по бројните хитови, начин на бурен живот, како и скандали.

Таа има две наследнички, Хана и Катја, додека постарата израсна во нејзина вистинска копија која доста потсетува на неа.

Пејачката е родена на денешен ден 25 септември во Нови Сад, а многумина не ни претпоставуваат колку години полни денес.

Наташа е родена 1980-та година, што значи дека денес го прославува својот 43-ти роденден, што за многумина е шокантно со оглед дека се уште е секс бомба.

Видео: Објавен е трејлерот од серијата „Гризелда“ во која Софија Вергара глуми шефица нарко картел

„Netflix“ го објави првиот тизер за претстојната мини-серија „Griselda“ во која главната улога ја игра заносната Софија Вергара, позната по ситкомот „Modern Famiy“.

Вергара се појавува во улога на Гризелда Бланко, колумбиска шверцерка на дрога која многумина ја нарекувале „кралица на кокаинот“. Бланко била позната по трговијата со кокаин на подрачјето на Њујорк и Мајами, а оние кои имале прилика да соработуваат со неа тврдат дека била поладна и понемилосрдна од Пабло Ескобар. Серијата ќе го прикажува нејзиниот живот и подемот во светот на криминалното подземје.

Освен Вергара, актерската постава ја сочинуваат Алберто Гера, Алберто Аман, Кристијан Тапан, Диего Трухиљо, Паулина Давила, Габриел Слојер, Мартин Родригез, Хозе Зуњига, Максимилијано Хернандез и Жулиет Рестрепо.

Креатори на серијата се Даг Миро, Ерик Њуман, Карло Бернард, Ингрид Ескаједa, а режисер е Андрес Баиз. Њуман, Баиз и Бернард се познати по работата на сериите „Narcos“ и „Narcos: Mexico“.

„Griselda“ ќе се состои од 6 епизоди, а ќе биде премиерно прикажана на „Netflix“ на 25-ти јануари 2024 година.

Популарно