Мина Наумовиќ: Сите лажат!

Водителот Огњен Амиџиќ неодамна ја потврди радосната вест дека тој и неговата избраничка Мина Наумовиќ чекаат бебе.

Популарниот пар веќе закажа венчавка, а сега Мина првпат проговори откако во медиумите се појави веста дека е бремена и јавно откри како се чувствува.

-Што се однесува до бременоста, ништо не е како што се рекламира, сите лажат. Едно око на челото, едно на рамо, цело време. Само стари слики ќе објавувам до пораѓање, напиша Мина во својата објава.

Водителот неодамна проговори за бременоста на Мина.

-Поводот е прекрасен. Можам да кажам дека и Мина и јас сме пресреќни. Токму тоа го посакувавме и чекавме и се случи, што да кажеме. Буквално сум пресреќен. А од друга страна, малку сум суеверен, не сакам да зборувам премногу, само да биде се во ред. Нема ништо подобро, посилно и посреќно од ова да се случи. Па можеби ќе бидам посреќен само кога ќе дојде бебето. Само да Боже здравје дека се ќе биде како што треба, изјави Огњен.

ФОТО: Погледнете што и порача Сека по секс скандалот на Дара Бубамара

Откако после објавеното експлицитно видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати и првата.

Имено, Сека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

ФОТО: Погледнете како изгледа денес познатата актерка Јагодинка од „Лажливо лето 68“

Познатата Јагодинка Симоновиќ која сними неколку култни сцени во филмот „Варњиво лето 68“ имала само 27 години.

Осум години подоцна бега од Србија, а пред пет години повторно се вратила.

Сега е професорка на Факултет за драмска уметност, филмски смер, а еве како изгледа денесска Драгана Врагиќ, неколку децении после снимање на филмот.

Со оваа изјава Северина ги запрепасти припадничките на понежниот пол

Северина сите ги запрепасти со својата порака за 8. Март, па се појавија лавина коментари.

- Секоја жена треба секој ден да има Ден на жената. Успешните жени не би требало ништо да работат според мене. Секоја успешна жена треба да има мир и да се негува. Многу задачи си зададовме, ни треба само мир и негување, а не кариера, истакна Северина и сите ги зачуди.

Популарно