Ленин Јовановски: Мора некој многу моќен да стои зад Палчо, му гарантирал комоција по две убиства

Убиецот Љупчо Палевски Палчо се чувствувал многу сигурен и доволно безбеден и си функционира како и секој друг ден, а таков може да биде само и само ако нарачателот или оној за кого работи е многу моќен за да му ја обезбеди таа комоција. Свој став за случајот кој деновиве ја потресе јавноста за двократното убиство даде и сопственикот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, кој по професија е криминолог.

Според него ова убиството нема форми на “користољубие”, не постои конкретно дејство на уцена и изнуда и девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано.

„Причината за тоа може да биде, дека таа нешто знаела, била сведок на нешто што можело да упропасти нечија кариера бизнис или живот, можеби сакала да обзнани нешто, можеби била злоупотребена од некоја битна (моќна) фаца или сл“, вели тој.

Како што додава, телото мора да биде на детална и професионална обдукција под независен и сигурен надзор од повеќе лица, за да не се остави простор дека ќе се прикрие нешто што може да даде вистински показатели за причините за убиството.

„Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината. Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ. Да вмешаш толку сведоци (непрофесионалци) кои брзо ќе “пропеат” и да оставиш толку видливи траги (пред камери и сл.) мора да си сигурен дека тоа никој нема да го гледа“, потенцира Јовановски  и додава:

„Треба да се бара нарачателот, тој е најбитниот во овој случај, актерите се повеќе или помалку ете сите тука. Има уште многу прашања , има уште многу за докажување и ова не смее да заврши само на исказите на двајца учесници кој очигледно се најмени и не биле и сеуште не се ни свесни самите во што се сплеткани и за што точно ќе бидат употребени“.

Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно