Почина Рајан О’Нил

Холивудскиот актер Рајан О’Нил почина на 82-годишна возраст, а тажната вест ја обајви неговото семејство.

Неговиот син Патрик ја сподели тажната вест на социјалните мрежи.

– Ова е најтешкото нешто што некогаш сум морал да го кажам, но еве одиме – започна тој во својата објава.

– Татко ми почина денеска мирно, со својот тим кој го сакаше, кој го поддржуваше и го сакаше.

О’Нил беше најпознат по неговите филмови од 1970-тите, вклучително и „Paper Moon“, во кои глумеше со неговата ќерка Тејтум О’Нил.

Тој, исто така, работеше со некои од најдобрите женски ѕвезди од тоа време, како што се Барбaра Стрејсенд во „What’s Up“, „The Doc“ и „The Main Event“ и Мариса Беренсон. Во 1970 година, Рајан беше номиниран за Оскар за најдобар актер за неговиот блокбастер филм „Love story“ со Али МекГроу.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно