(Фото) Татко и ја обучувал и нејзе како да ракува со оружје

И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со него и татко ѝ, Владимир, го посетувала стрелиштето, пренесува српскиот медиум „Република.рс“.

Порталот повикувајќи се на извори од стрелиштето, објави фотографии на кои се гледа девојчето (сестрата на Коста кој го изврши масакрот во соседна Србија) со пиштол во рака. Според нивните информации Владимит Кецмановиќ и неа, како и синот кој го изврши масакрот во Белград, ја обучувал како да ракува со огнено оружје.

Пиштолот со кој пука сестрата на Коста е италијанска Берета М9, полуавтоматски пиштол со краток одврат што го користат вооружените сили на Соединетите држави. Американската војска го користела овој пиштол во инвазијата на Панама, војната во Персискиот Залив, Граѓанската војна во Сомалија, војната во Авганистан и војната во Ирак.

Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа изјави дека должност и одговорност на владата е да не дозволи атмосферата на анархија да се прошири од социјалните мрежи на улиците, а очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад, пренесе Бета.

На состанокот на Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС) Вучевиќ додаде дека обврска и одговорност е да не се дозволи некој да ја пали, уништува и урива државата и општеството затоа што е бесен и лут.

-Многу граѓани се разочарани и исплашени. Некои се дури и лути. Но, тоа не значи дека треба да си ја урнеме куќата, да ја запалиме.

Дотолку повеќе што одговорноста на СНС е најголема затоа што доби најголема поддршка од граѓаните, нагласи Вучевиќ.

Вучевиќ, кој е и претседател на СНС, по седницата изјави дека во наредните денови очекува уште оставки.

Тој додаде дека на Претседателството на партијата се разговарало за конкретни имиња кои треба да сносат политичка одговорност, јави ТВ Н1.

-Кога велиме дека очекуваме од нашите членови политички да се борат, тоа не значи дека некој некого аболира или амнестира од кривично-правна одговорност, или од политичка одговорност, рече Вучевиќ.

Како што наведе, кога кажуваат дека мора да ја спасат државата, тоа значи дека на несреќа не можеме и не смееме да ја уништиме државата.

Запрашан дали на состанокот на раководството на СНС се разговарало и за конкретни имиња кога станува збор за оставки, на кои тој и Вучиќ претходно инсистираа, тој одговори потврдно.

-Што се однесува до одговорноста, на претседателството разговаравме конкретно и со имиња. Очекувам дека во наредните денови уште некои луѓе ќе сносат политичка одговорност за тоа што се случи.

Станува збор за луѓе кои се членови на претседателството и на извршната власт очекувам уште оставки, нагласи тој, пренесе Бета.

Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета

Вршителката на должнос директорка на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета.

Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, секој ден Советот се состанува неколку пати во текот на денот, изјави Туркулов.

Таа додаде дека внимателно се следи нивната здравствена состојба, се прават дополнителни наоди, лабораториска дијагностика и така се одлучуваат понатамошните чекори.

Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос

Безживотните тела на тројца мажи и една жена биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, додека пак на копно биле откриени 25 бегалци и мигранти кои се во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека, според сведоштвата на преживеаните, , доцна синоќа криумчарот што ги пренесувал ги натерал да го напуштат чамецот додека сè уште биле далеку од копното, по што побегнал.

Бегалците и мигрантите биле оставени во море, 25 од нив успеале безбедно да стигнат на копно, додека пак четворица се удавиле.

Преживеаните преку бројот 112 за итни случаи ги информирале властите и биле префрлени во главниот град на Родос, а крајбрежната служба ги извлекла безживотните тела на тројцата мажи и жената.

Популарно