Ковачевски: Јас сум на страната на ССМ, не коментирам судски одлуки

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија кој на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом. 

- Јас сум член на Синдикатот од 1999 година и сум 100-процентно на страната на ССМ. Да живее Синдикатот и да живеат работниците и работниот народ на Република Северна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на градба на логистичко-дистрибутивниот центар на ЛИДЛ во земјава.

За пресудата на Врховниот суд, Ковачевски упати одговорите да се бараат таму.

- Јас никогаш не коментирам судски одлуки, меѓутоа јас сум на страната на ССМ, рече Ковачевски.

На вонредна прес-конференција денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов соопшти дека според информациите со кои располагаат, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема објектот на ССМ.

Трендафилов повика на одговорност и рече ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, како и од Советот на судии, доколку донел ваква одлука.

-Од 1992 година правени се разни обиди да се грабне, да се приграби овој објект како Работнички дом во интерес на некои елити. Тоа што го правеа со фабриките што ги градеа работниците сакаат да го направат и со Работничкиот дом и во низа години се правеле разни обиди, се воделе разни постапки со кои се сакало да се одземе имотот, меѓутоа аргументите биле пресилни. Средствата кои сме ги двоеле биле преголеми. Документите со кои сме располагале од одобрение за градба, од инвестициска програма, од договори за изградба, од обезбедени финансиски средства преку банка – синдикални пари, од целокупните произнесувања на сите органи – одобрение за употреба на оваа зграда и слично, се на име и на сметка на ССМ и на никој друг, рече Трендафилов.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно